Патувајте во Истанбул по повод 23-ти Октомври заедно со АнаМари Травел. Град на два континента, преку 20 милиони жители, историја, уметност, храна и многу приказни. Овој впечатлив град ги комбинира ориенталните и европските елементи на начин што ќе Ве поттикне да сакате да го истражувате и да дознаете што е можно повеќе за него. Градот отсекогаш бил, а и ден денес е истакнат центар на економијата, културата и трговијата, каде трговците, локалното население и туристите од сите различни делови на светот доаѓаат да го искусат егзотичното. Многумина го нарекуваат и „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Препознатлив по беспрекорната турска кујна, со уникатни рецепти како познатиот Искендер, сендвич со риба, баклава, ќунефе алва во боја и секако турски локум. Истанбул е град каде сите традиции се спојуваат во едно. Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.
ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ
1ден / 20.10 (петок) МАКЕДОНИЈА – ИСТАНБУЛ
Поаѓање од Штип – Велес – Скопје – Куманово во попладневните часови во однапред договорено место и време. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните четири дена. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани според датите на уплата. Доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаа во агенција.
2ден / 21.10 (сабота) ИСТАНБУЛ ( Капали Чаршија | Аја Софија | Балат | Галата Порт)
Наутро пристигнување на групата во Истанбул. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж,каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Check in во хотелот е после 14:00 часот. По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот,а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот,а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарењето во чаршијата. Капали Чаршија е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3000 продавници. Чаршијата се наоѓа во внатрешноста на Цариградските ѕидини, во стариот дел на градот во населбата Фатих. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бајазид II. Света (Аја ) Софија Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи. Балат Еден од најдобро скриените скапоцени камења во Истанбул е разнобојниот кварт по име Балат. Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Посета на Балат е најдобра во текот на утрото, кадешто многу често се снимаат турски серии. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори. Се посетува Железната црква, кадешто е гробот на Партенија Зографски. Направена е од елементи од леано железо и има неоготски архитектонски стил кој се издвојува од остатокот од соседството, што го прави дестинација што мора да се види.По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички. Галата Порт. Галата Порт претставува најновото пристаниште со ексклузивен Европски иглед од 2019 кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво. Вистинска атракција се големите крузери, коишто нашите патници имаат можност да ги видат одблизу. Станува збор за модерно пристаниште во вид на трговски центар кадешто секој од Вас има можост за одличен шопинг. Ноќевање.
3ден / 22.10 (недела) ИСТАНБУЛ (Крстарење – Босфор | Бејлербеј | Ускудар | Watergarden | Таксим Плоштад)
По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното:
Крстарење по Босфор 90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето. Берлејбеј. Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската област. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски прку многубројните соби и хали. Ускудар (Азиски дел) – На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас. Watergarden– е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување. Огромните фонтани, обоени во многу светла, кои изведуваат танц со оган го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. Таксим Плоштадот. Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави. Ноќевање.
4ден / 23.10 (понеделник) ИСТАНБУЛ – МАКЕДОНИЈА (Продавница Коска | Аутлет 212)
По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“ тука можете да си земете нешто и за дома локуми,баклави,чоколадирани ф’стаци,лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг? Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање кон Македонија.
5ден / 24.10 (вторник) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Македонија во раните утринските часови.
Цена на аранжманот: 119€ / 7.380мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- – Превоз со високо туристички автобус;
- – Две ноќевања со појадок во хотел 3*;
- – Посета на шопинг центар 212 Outlet;
- – Посета на турската продавница “КОСКА”;
- – Лиценциран придружник;
- – Лиценциран туристички водич;
- – Туристичка такса.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- – пакет 1: Балат + Галата Порт – 20€;
- – пакет 2: крстарење со брод по Босфор + Бејлербеј + Ускудар + Watergarden + Таксим Плоштад – 70€;
- – ВИП пакет: сите факултативи – 85€;
- – Патничко осигурување;
Напомена:
– За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
– Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
– Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
– Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител);
– Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни;
– Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот;
– За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет;
– Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати;
– Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци;
– Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
– Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
– Уплата исклучиво во денари.
- Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. АНАМАРИ ТРАВЕЛ – med
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]