1ден / 12.10 (четврток) МАКЕДОНИЈА – ИСТАНБУЛ
Поаѓање од Штип – Велес – Скопје – Куманово во попладневните часови во однапред договорено место и време. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните четири дена. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани според датите на уплата. Доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаа во агенција.
2ден / 13.10 (петок) ИСТАНБУЛ (Капали Чаршија | Аја Софија | Балат | Галата Порт)
Пристигнување на групата во Истанбул во утринските часови. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Chech in во хотелот е после 14:00 час. По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија, Сината Џамијиа и Света (Аја) Софија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата и околината. Капали Чаршија е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3000 продавници. Чаршијата се наоѓа во внатрешноста на Цариградските ѕидини, во стариот дел на градот во населбата Фатих. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бајазид II. Света (Аја ) Софија Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи. Балат. Еден од најдобро скриените скапоцени камења во Истанбул е разнобојниот кварт по име Балат. Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Посета на Балат е најдобра во текот на утрото, кадешто многу често се снимаат турски серии. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори. Се посетува Железната црква, кадешто е гробот на Партенија Зографски. Направена е од елементи од леано железо и има неоготски архитектонски стил кој се издвојува од остатокот од соседството, што го прави дестинација што мора да се види.По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички. Галата Порт. Галата Порт претставува најновото пристаниште со ексклузивен Европски иглед од 2019 кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво. Вистинска атракција се големите крузери, коишто нашите патници имаат можност да ги видат одблизу. Станува збор за модерно пристаниште во вид на трговски центар кадешто секој од Вас има можост за одличен шопинг. Ноќевање.
3ден / 14.10 (сабота) ИСТАНБУЛ (Крстарење по Босфор | Бејлербеи | Ускуар (Азиски дел) | Watergarden | Таксим)
Појадок. По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното: Крстарење по Босфор, 90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето. Бејлербеи. Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски прку многубројните соби и хали. Ускудар (Азиски дел) На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас. Watergarden– е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување. Огромните фонтани, обоени во многу светла, кои изведуваат танц со оган го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. Таксим Плоштадот. Ноќевање.
4ден / 15.10 (недела) ИСТАНБУЛ (Фабрика Коска | 212 MegaOutlet) – МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да ги купите најтрадиционалните турски благи локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми, турско кафе или чај и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура,животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг? Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг. Поаѓање кон Македонија.
5ден / 16.10 (понеделник) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во раните утрински часови.
Цена на аранжманот: 119€ / 7.380мкд
Дете до 3 години – бесплатно | Дете од 3-12 години – 50 % од износот на аражманот | Еднокреветна соба + 25€ / 1.500мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- – превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
- – 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Истанбул;
- – посета на Капали Чаршија;
- – посета на трговски центар – 212 Outlet;
- – посета на фабриката за слатки работи Коска;
- – лиценциран туристички придружник;
- – организација и реализација на патувањето.
ПАКЕТ 1: 20€
– посета на Балат;
– посета на Галата Порт;
ПАКЕТ 2: 70€
– крстарење со брод по Босфор (90 мин дневно крстарење по Босфор со локален водич);
– посета на Бејлербеи;
– посета на Ускудар;
– посета на Таксим Плоштад;
– посета на Watergarden.
ПАКЕТ ОД СИТЕ ФАКУЛТАТИВИ: 85€
Напомена:
– За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
– Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
– Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
– Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
– Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
– Уплата исклучиво во денари.
- Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. АНАМАРИ ТРАВЕЛ – med
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]