+389 75 404 480marjan@anamarytravel.mk

Нови Сад и Сомбор

Нови Сад е вториот по големина град во Србија по Белград. Според најновиот попис од 2011 година, градот има урбано население од 277.522 жители, додека населението на општината е 341.625. Градот се наоѓа на границата помеѓу регионите Бачка и Срем, на брегот на реката Дунав и каналот Дунав-Тиса-Дунав, притоа гледајќи на северните падини на планината Фрушка гора. Уште од формирањето во 1694, Нови Сад е центар на српската култура и го добил името Српска Атина. Денес Нови Сад е голем индустриски и финансиски центар на српската економија, а исто така е еден од најголемите градежни локации во регионот.

Програма

Прв ден20.10.2023 (петок) 

22:00 часот заминување на групата од Кавадарци, во 23:30 часот од Скопје (пред туристичките агенции), 24:00 Куманово бензинска Макпетрол автопат, кон Војводина со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори. 

Втор ден: 21.10.2023 (сабота) 

Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич на Нови Сад, градот кој е создаден на левиот брег на реката Дунав. Започнуваме со обиколка на најголемата средноевропска Петроварадинска Тврдина од каде се простира преубав поглед на Нови Сад. Потоа разгледот продолжува кон центарот на градот: Плоштадот на Слободата каде се наоѓаат Градското Собрание, Римокатоличката Црква, зградата Железен човек, Змај-Јовината улица, Соборната црква, Дунавската улица, Дунавскиот парк… По разгледот, сместување во хотелот Putnik“ 3*** (https://hotelputnik.rs//) кој се наоѓа на извонредна локација во центарот на градот. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.

Трет ден22.10.2023 (недела) 

Појадок. Заминување со локален туристички водич на организиран разглед на Сомбор, преубав мал град со фасцинантна архитектура кој лежи на некогашното Панонско Море, градот на фијакерите и зеленилото. Градот има дрвореди во должина од 121 километар и четири преубаво уредени паркови. Обиколката започнува од Градскиот Музеј, па покрај театарот и Плоштадот на фијакеристите ги разгледуваме старите Сомборски знаменитости: Плоштадот на Светото Тројство, Градското Собрание, Сончевиот саат (единствен на територијата на цела Војводина кој привлекува внимание со прикажаната симболика во вид на Архангел Гаврил и петел како предвесник на новото утро), Старата Католичка Црква, Црквата Свети Ѓорѓе… Слободно време за кафе пауза и прошетки низ центарот. Потоа заминуваме кон традиционален салаш „Наш салаш“ (www.nassalas.com). Ручек со тамбурашка музика во живо. Во вечерните часови враќање во Нови Сад. Ноќевање. 

Четврти ден23.10.2023 (понеделник) 

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Можност за шопинг во еден од најголемите шопинг центри во Нови Сад „Promenadaкој се наоѓа во близина на хотелот ( https://promenadanovisad.rs/). На површина од 49.000 квадратни метри има изобилство продавници со 160 познати брендови. Околу пладне заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ……… 169 евра (10.480 денари)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација

– Две ноќевања со појадок во хотел  Putnik 3*** во Нови Сад

– Локален туристички водичво Нови Сад и Сомбор

– Ручек со музика (тамбураши) во салаш „Наш салаш“ во Сомбор

– Организација на патувањето и туристички придружник 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

– Туристичка такса – 1,5 евра по лице од вечер ( се плаќа во агенцијата)

– Доплата за еднокреветна соба – 40 евра (за двете вечери)

– Патничко осигурување

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

– За овој аранжман важат општите услови на патување на ТА АНАМАРИ ТРАВЕЛ – атлк

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]