Истанбул 21 ЈУНИ ( 3 ноќи )
Најголемата метропола во светот, велеград, финансиски и културен центар… сето ова е малку за да се опише еден од најубавите градови во светот – величествениот Истанбул, градот на два континенти кој ги спојува Европа и Азија со неговите три моста кои се наоѓаат над единствениот Босфор.

Поаѓање во 16:00 часот од Скопје Дрводекор. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена. Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање.
ВТОР ДЕН (20.06.2024) Четврток
Пристигнување на групта во Истанбул, Групата се упатува кон хотелот. Туристичкиот придружник е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Check in во хотелот е после 14:00 час.По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија, Сината Џамијиа, Света (Аја) Софија, Плоштадот Султанахмет и Топ Капи каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите, секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бајазид II. Света (Аја ) Софија Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи.
ТРЕТ ДЕН (21.06.2024) Петок
По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното: Посета на жичарата Pierre Lotti. Ридот Пјер Лоти, именуван по познатиот француски писател, е живописно место во Истанбул кое нуди неверојатен поглед над Златниот рог. Овој рид е совршено бегство за оние кои сакаат да избегаат од метежот и вревата на градот и да уживаат во мирната атмосфера. Замислете да седите во едно од шармантните кафулиња, да уживате во традиционалниот турски чај и да гледате над историскиот град – задолжителен за секој посетител на Истанбул и сон на вљубеник во Инстаграм. Oд жичарата се упатуваме на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање. Потоа во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Местото кое е најпознато по својот специјалитет – компир. (препорака) Слободно време за сликање и прошетка. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање
ЧЕТВРТИ ДЕН (22.06.2024) Сабота
По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното: Фенер Балат Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од вештите раце Македонски мајстори, кадешто е закопан Партеније Зоографски. Додека сме во Балат се посетува Христијанската Патријаршија, кадешто ќе може да влезете индивидуално. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички, имате можност да ги доловите моментите каде се снимаат Турските серии и да се напиете Турско кафе, варено на песок. Крстарење по Босфор Ви нудиме 90 минути крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ке се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин Кадикој (Азиски дел) Потоа следи посета на Азија, што би вредело доаѓањето во Истанбул доколку не појдете да го видите и другиот континент каде што се простира овој град. Се посетува населбата Кадикој која е центарот на Азија, тоа што е Таксим во Европа, Кадикој е во Азија. Продавнички, ресторани, кафулиња… сокачиња во кои би се заљубиле во првиот момент откако ќе пристигнете таму. Слободно време за вечера и уживање во најмонденското место во азиски Истанбул. Во договореното време враќање во хотелот. Ноќевање.
ПЕТТИ ДЕН (23.06.2024) Недела
Се одјавуваме од хотелот во 10ч. и се упатуваме во продавницата за локим и баклави, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од продавницата се упатуваме на шопинг во Шопинг центар Форум, Икеа и Декатлон во Истанбул. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг? Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање кон Македонија. Предвидено е пристигнување после полноќ во Скопје.
Бесплатен трасфер Куманово, Тетово, Гостивар, Росоман, Велес, Неготино, Кавадарци,Битола, Прилеп, Гевгелија
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119 ЕВРА
Понудата вклучува
✅ Три ноќевања во Хотел 4* Аксарај Лалели
✅ Појадок во хотел (шведска маса)
✅ Аја Софија
✅ Сината џамија
✅ Плоштад Султанахмет
✅ Топ Капи
✅ Капали чаршија
✅ Шопинг центар Форум, Икеа и Декатлон
✅ Најпознатата продавница за баклави и локуми
✅ Лиценциран пратител во текот на патувањето
✅ Лиценциран водич од Истанбул
✅ Автобуски превоз Скопје-Истанбул-Скопје
✅ Патување со модерни, удобни, високотуристички автобуси
Понудата не вклучува
Жичарата Pierre Lotti
Ортакој
Таксим
✅ 35 евра
*************************************************
Фенер Балат
Дневно крстарење по Босфор 90 минути
Бејлербеи (азиски дел)
Кадикој (азиски дел)
Ускудар (азиски дел)
✅ 55 евра
***************************************************************
ПАКЕТ ЦЕНА НА СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ – 70 евра
***************************************************************
✅ Туристичка такса – 3 евра
***************************************************************
✅ Патничко осигурување
За овој аранжман важат Општите услови на патување на ТА АНАМАРИ ТРАВЕЛ и СКТМ.-га/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]