ВЕЛИГДЕН ВО СОКО БАЊА
Сокобања е туристичко место кое се наоѓа во југоисточна Србија во подножјето на Озрен планина. Самата бања е опкружена од 4 планини – од север планина Ртани на 1560m н.височина, на исток се наоѓа планината Девица, на југ планината Озрен на 1117m н.височина и од запад планината Буковик. Низ Соко Бања поминува реката Моравица од која што е и создадено вештачкото Бованско езеро. Заради идеалната умерено-континентална надморска височина од 400m на која се наоѓа, Сокобања е идеална за лекување на хронични болести, астма и сл.
Природни и лековити фактори во Сокобања се термоминералните извори со температура на вода од 28°C (Banjica) до 45,5°C (Park) kako и чистиот воздух. Спортско-рекреативни содржини во Соко Бања се неколкуте базени со термални води, фитнес сали, терени за тенис и фудбал
Цена на аранжманот 179 евра / 11.100мкд
Програма за патување (14.04-17.04.2023)
14.04.2023 (Петок) Скопје – Соко Бања
Состанок на групата во 05.30час. Поаѓање за Соко Бања во 06.00часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Соко Бања околу пладне и сместување во хотел Бањица.Ручек. Краток одмор и освежување од патувањето, по што се заминува на организирана прошетка низ поширокиот центар на Сокобања со локален водич (Милошев конак, турско купатило, црквата Св.Преображение..) Слободно време за индивидуални активности или релаксација во џакузи базенот во хотелот. Вечера.
Ноќевање.
15.04.2023 (Сабота) -Соко Бања (Лептерија-Сокоград)
Појадок. После појадокот, заминуваме на организирана пешачка тура со локален водич, до излетничкото место Лептерија и Сокоград. Враќање во хотел. Ручек. Слободено попладне за одмор или индивидуална посета и релаксација во термаклните базени на Соко Терме. Вечера. Вечерта можност за посета на црквата Св.Преображение.
Ноќевање.
16.04.2023 (Недела) Соко Бања-Озрен
Појадок. Ден предвиден за традиционален велигденски ручек-пикник, со богато национално мени (јагнешко печено, сокобањско сирење, домашен кајмак и врела погача) и организирани активности и натпревари во природа на отворено (влечење на јаже, фрлање на камен од раме, скок во далечина…). Враќање во хотел, слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечера.
Ноќевање.
17.04.2023 (Понеделник) Соко Бања-Македонија
Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време до поаѓање за Македонија.
Во 11.00час поаѓање за Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
Цената на аранжманот вклучува:
- Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
- Традиционален коктел за добродојде
- 3 Полни пансиони (појадок, ручек и вечера) во хотел Бањица 3*
- Организиран разглед на Сокобања со локален водич
- Организирана пешачка тура со локален водич до Лептерија и Сокоград
- Пикник со богато национално мени (јагнешко печено, сокобањско сирење, домашен кајмак и врела погача…) и организирани натпревари (влечење на јаже, фрлање на камен од раме, скок во далечина…)
- Ораганизирана свечена вечара во хотелот со музика и неограничено пиење
- Бесплатно користење на џакузи базенот во хотелот
- Туристичка такса
- Организација, реализација и придружник на патувањето
Ценатана аранжманот не вклучува:
- Индивидуални трошоци (групна карта за Соко Терме 600динари/ индивидуална карта 1.300динари)
- Задолжително патничко и здравствено осигурување
Попусти:
– Деца од 3-12год. – 7.600мкд
Напомена:
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
•Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
• За Србија може да се патува со лична карта или со пасошот (важност на пасошот мин. 3 месеци по завршувањето на патувањето)
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и ТА Анамари Травел – ста