Искористете го продолжениот викенд за 23-ти Октмоври да ни се придружите на едно ново уникатно патување. Да уживаме во Венеција, кралицата на Јадранот, Милано, градот на модата, и да направиме шопинг во Палманова и да уживаме на кафе во Трст…
20.10.2023 – Состанок на групата на паркингот кај хотел Русија во 16.30 часот. Поаѓање за Италија во 17.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.
21.10.2023 – Пристигнување во утринските часови во Трст. Слободно време за индивидуална прошетка (околу 2 часа) низ центарот на Трст, плоштадот Piazza Unità d’Italia, античкиот театар, катедралата на Сан Густо, паркот направен во чест на паднатите борци, српската црква св. Спиридон… Во договореното време, поаѓање кон Лидо ди Јесоло, со попатна посета на познатиот шопинг центар PALMANOVA (околу 3 часа), кој е познат по ниските цени за сите познати брендови. Шопинг центарот е уникатен, изграден така што додека се движите низ него, се чувствувате како да сте во италијански град од времето на ренесансата. Продолжување кон Лидо ди Јесоло и сместување во хотел. Слободно време за ноќна прошетка низ Лидо ди Јесоло. Ноќевање.
22.10.2023 – По појадокот во хотел групата се упатува на целодневна факултативна екскурзија во Милано… Замокот Sforzesco, Arco de la Pace, паркот Sempione, населбата Brera, познатата опера Scala di Milano, галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала, Il Duomo di Milano. Слободно време за индивидуална прошетка низ градот на модата, можност да пробате некој од локалните специјалитети, како што се миланското рижото, познатото џелато, панцерота, тестенини или пица во големиот број ресторани сместени во преубавиот центар на градот. Во попладневните часови поаѓање назад кон Лидо ди Јесоло. Ноќевање.
23.10.2023 – По појадок во хотелот, одјавување и поаѓање кон Пунта Сабиони, пристаништето каде со брод се упатуваме кон безвременскиот град на вода, Венеција. Плоштадот Сан Марко, Дуждевата палата, каналот Гранде, мостот Риалто…. Слободно време за индивидуална прошетка. Во договорено време, од пристаништето во Венеција, се упатуваме кон Пунта Сабиони. Поаѓање кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи за одмор и обавување царински формалности.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на ТА АнаМари Травел – еск[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]