+389 75 404 480marjan@anamarytravel.mk

Тумане – Белград

Прoграма на патувањето:

1.ДЕН 21.10.2023-сабота–  Се поаѓа во  01:00 часот од  Штип. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Влез во Србија преку граничен премин Табановце.

Пристигнување во раните утрински часови во Тумане. Манастирот е изграден во 14 век од страна на Милош Обилиќ. Во манастирот се чуваат моштите на Св. Зосим и Св.Јаков  како и дел од моштите на Св. Нектариј Егински. Манастирот во 17 век од страна на руски монаси ја добива чудотворната икона на Св.Богородица. Од 08 часот започнува литургијата, после тоа од 09 часот манастирот е отворен за молитви за посетителите. Во договорено време со водичот  се упатуваме кон Голубац град  каде се посетува Голубачката тврдинаГолубачката тврдина е тврдина која се наоѓа во градот Голубац. Тврдината се состои од десет кули и две големи капии. Тврдината за првпат се споменува од унгарските извори кои датираат од 1335 година. Од повисокиот дел и бројните кули на оваа тврдина се протега поглед кон територијата на Романија и кон широкото корито на реката Дунав. По посетите се поаѓа за Сребрено Езеро. Сребрено езеро е вештачко езеро на десниот брег на реката Дунав. Сместување. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи по брегот на Дунав. Посебен впечаток оставаат околните паркови и шуми, прекрасно уредениот простор, прекрасните викендички со посебен стил, а пред се убавината на самото езеро. Ноќевање.

2.ДЕН 22.10.2023 -недела – Одјавување од апартманите. Посета на Белград, разглед на градот со посета на Калемегдан, прошетка низ улицата Кнез Михајлова, слободно време. Патуваме кон  Лесковац каде  имаме слободно време за ручек, кафе, Во попладневните часови се поаѓа за Македонија преку граничен премин Табановце со попатни одмори. Пристигнување во Куманово, Скопје, Штип, Радовиш, Струмица, Кочани  во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 3.950 денари.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • -Превоз на наведената релација
  • -1 ноќевање во Голубац, Сребрено езеро
  • -Пратител на групата за време на целото патување
  • -Туристичка такса

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • -Влезница во Голубачка тврдина со водич и презентација – 15 €-наша препорака
  • -Патничко осигурување

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Во случај на недоволен број на пријавени патници-најмалку 45 патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.АнаМари Травел-црв

[/vc_column_text]

[/vc_column][/vc_row]