Златибор е планина а воедно и природен парк кој се наоѓа во Србија и истиот има површина од 1000 километри квадратни. Златибор е познато летувалиште и место за зимување како и за одмор во секој период од годината. Златибор се наоѓа во северниот дел од областа Стари Влах. Златибор по се е најактуелна и најатрактивна планина во Србија. Тешко кој може да му одолее на Златибор. Еднаш кога ќе го посетите неговата убавина ќе ве натера повторно и повторно да му се враќате.
Дрвенград е изграден по замислата на филмскиот режисер Емир Кустурица за потребите на филмот “Животот е чудо”. Истото е сместено помеѓу две српски планини Златибор и Тара.Улиците во селото Дрвенград ги носат имињата на познати личности од културата и науката. Главната улица го носи името на српскиот нобеловец Иво Андриќ, а постои и улица на кубанскиот револуционер Ернесто Че Гевара. Една улица го носи и името на еден од најдобрите тенисери во светот Новак Ѓоковиќ.
Опис на патувањето:
- Тргнување од Скопје во 22:00 часот на 13.04 (собирање на група во 21:45 од паркинг наспорти скопски саем, кај Хотел Вип).
- Тргнување од Куманово во 22:30 часот – бензинска Макпетрол – автопат
- Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
- Предвидено време за пристигнува до 08:00 часот. Групна посета на Дрвенград. Индивидуално слободно време за разглед и прошетка низ Дрвенград.
- По посетата групата се упатува кон Златибор. Слободно време за прошетка и разглед на Златибор.
- Во договор со групата се упатуваме кон посета на Сирогојно. Слободно време за прошетка и разглед.
- Предвидено време за враќање во Куманово и Скопје во вечерните часови.
Понудата вклучува:
- Превоз на дадената релација
- Организација и водство на патувањето.
- Посета на Златибор
Понудата не вклучува:
- Влезница за Дрвенград
- Влезница за Сирогојно
- Индивидуални трошоци
Цена:1800 ден
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
- Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
- Во случај на отказ патникот е должен да плати:
- За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
- За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
- За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
- За отказ преку 15 дена пред поаѓање се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
- Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
- Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е должен да ги чека истите.
- Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.-мт
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]