Дојдете и бидете заведени од романтиката на Егејот на ова возбудливо ново крстарење. Посетете ги најпривлечните дестинации на грчкиоте острови, испреплетени околу Егејското Море, каде што ве очекуваат културата, историјата, чистите плажи и рибарските села задремeни во времето.
СОЛУН / КУШАДАСИ / КРИТ (ХЕРАКЛИОН) / САНТОРИНИ / МИКОНОС / МИЛОС / АТИНА /
8 дена / 7 ноќевања
ТЕРМИНИ: 16.Април 2023
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
1.ДЕН (недела) СКОПЈЕ – СОЛУН
Состанок на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 06:30 часот. Поаѓање кон Грција во 07:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица – Евзони.
Пристигнување во Солун во пладневните часови. Трансфер до пристаништето и комплетирање на формалностите за влез на бродот и запознавање со бродот Celestyal Crystal. Во вечерните часови, го напуштаме фасцинантниот и живописен град и испловуваме кон нашата прва дестинација. Ноќевање.
2.ДЕН (понеделник) КУШАДАСИ
Нашето утринско пристигнување во Кушадаси, ни дава цел ден за активности и доживувања, доволно време за да го истражиме шарениот град со многубројни хотели, ориентални продавници, ресторани и кафетерии, убави плажи, кој е крајбрежната порта до античките урнатини на Ефес, познат по едното од седумте чуда на античкиот свет – храмот на Артемида. Ноќевање.
3.ДЕН (вторник) КРИТ (ХЕРАКЛИОН)
Деновите во кои крстариме помеѓу грчките острови ги започнуваме со Крит кој е најголемиот остров на Грција и петти по големина во Медитеранот. Место на митови и легенди. Ќе имате можност да го посетите главниот град Хераклион, запознаете дел од неговата извонредна историја и да дознаете повеќе за уметноста и креативноста на античките Минојци. Ноќевање.
4.ДЕН (среда) САНТОРИНИ
Нашата одисеја продолжува кон Санторини, каде ќе поминеме една вечер и чие неверојатно лице е веднаш препознатливо низ целиот свет. Сигурни сме дека ќе ви го одземе здивот, со високите пејзажи, нанижани варосани куќи во главниот град Фира, неверојатното зајдисонце и, се разбира, иконската црква со сина купола во Иа. Не заборавајте да посетите еден од многуте ресторани наредени на работ на калдерата.
Во вечерните часови можете да истражувате во слободното време или едноставно да се опуштите на палубата пиејќи коктели или чаша убаво вино. Ноќевање.
5.ДЕН (четврток) МИКОНОС
Островот на ветровите не очекува. Имаме цел ден за разгледување и прошетки низ стариот град со неговите беспрекорно варосани куќи, кривулестите улички, убави мали цркви и прекрасни ресторани на работ на брегот. Несомнено ќе ја препознаете разгледницата со бели ветерници наредени една до друга, со поглед кон морето. Ноќевање.
6.ДЕН (петок) МИЛОС
Можеби ќе спиете кога ќе заминеме од Миконос, но набргу ќе бидеме во Милос, островот на боите. Ќе имате време да го истражите главниот град Плака, катакомбите стари 2.000 години или едноставно да го впиете сонцето на рамните карпи на прекрасната плажа Саракинико. Вистинската убавина на овој навистина прекрасен остров може да се најде во неговите зачудувачки пејзажи, карпестите формации извајани од ветровите и морето, меките песочни плажи, осамени заливи и кристално чисти аквамарински води. Во уметноста Милос е овековечен со прекрасната Милоска Венера, едно од најпознатите дела на античката скулптура, кое е видно изложено во Музејот Лувр.Ноќевање.
7.ДЕН (сабота) АТИНА
Пристигнување во Атина за ден на уживање, во грчки стил, можете да изберете како да го поминете денот. Да ги посетите спомениците што ги знаете од легендите и историјата? Да се восхитувате на погледот на градот од Акропол? Или купувајте подароци за да го споделите вашето патување со најблиските дома! Се зависи од вас.
Откријте ја величествената античка Атина од возбудливите митови и легенди, неповторливите уметнички дела, совршени антички градби, мислите на големите филозофи и поети, колевка на демократијата и западната цивилизација. Впуштете се во современиот тек на комополитскиот град, со модерна и урбана архитектура, богат културен живот и динамично секојдневие. Го напуштаме историскиот и класичен главен град на Грција и отпловуваме на нашето ноќно патување до Солун.Ноќевање.
8.ДЕН (недела) СОЛУН – СКОПЈЕ
Пристигнување во Солун околу 10:00 часот. Ја завршуваме сопствената Егејска Одисеја носејќи со себе нови спомени и незаборавни искуства. Напуштање на бродот во претпладневните часови. Патувањето продолжува кон Македонија, со попатни кратки застанувања. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на пакет аранжман |
Внатрешна кабина (тип IA) | Надворешна кабина (тип XA) |
Редовна цена | 719 € |
769 € |
Цена во претпродажба |
699 € |
749 € |
* Цените се дадени по лице за сместување на минимум 2 лица во кабина
Попусти за деца и возрасни, во придружба на 2 возрасни лица
–при сместување во тип на кабина IA:
3 и 4 возрасен -100 € (попуст)
2-11,99 години -190 € (попуст)
3 месеци до 1,99 години -276 € (попуст)
–при сместување во тип на кабина XA:
3 и 4 возрасен -150 € (попуст)
2-11,99 години -240 € (попуст)
3 месеци до 1,99 години -326€ (попуст)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- превоз со туристички автобус/минибус Скопје-Солун-Скопје
- сместување во кабини од понудениот избор, на бродот Celestyal Crystal
- пристанишни и други такси
- бакшиш
- полн пансион (појадок, ручек и вечера)
- селектирани пијалоци вклучени во оброците во главниот ресторан (не важи во специјални ресторани)
- дневни и ноќни активности, забавна програма, анимација
- *попуст на екскурзии од 75 € по лице (со резервација пред поаѓање)
- забава и дневни активности на брод
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- останати екскурзии
- услуги во салон за убавина и СПА центар
- интернет
- медицински услуги
- патничко осигурување
- доплата за пакет ENHANCE (240 €)
ДОПЛАТА ЗА ПАКЕТ ENHANCE |
за само 240 € |
Вклучува: | |
Премиум пакет на пијалоци (возрасни и деца) | |
Дополнителни 75€ попуст на екскурзии | |
Интернет WiFi пристап (1h на ден) | |
Попуст до 25% на speciality menu во Aegean ресторан |
Напомени:
– Промени во рутата на патување се можни во случај на неповолни временски услови
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на ТА Анамари Травел и СКТМ
– Организатор на патувањето е САВАНА ДОО
ЕКСКУРЗИИ НА КРСТАРЕЊЕ
ЗОШТО ДА РЕЗЕРВИРАМЕ CELESTYAL ЕКСКУРЗИЈА
Дестинациите на крстарење со Celestyal се меѓу највозбудливите, историски, сликовити и предизвикувачки екскурзии во светот.
Придружете ни се на трите ноќни маршрути и нурнете во прекрасните искуства на живеење, доживејте ги митовите и легендите на Античкиот свет, откривајќи стари цивилизации и следејќи ги стапките на големите личности од историја. Од класичната Атина до прекрасниот Миконос, воодушевувачкиот Ефес, Патмос, Крит и зачудувачкиот Санторини.
Ќе бидете изненадени од она што можете да го видите и направите за само неколку дена. Ќе почувствуваме дека патуваме на сопствена одисеја преку Егејот.
Специјално дизајнираните екскурзии ќе го збогатат вашето Celestyal искуство со стручните водичи кои ве водат чекор по чекор низ вашето патување и доживување на историјата. Понекогаш во историјата не е лесно да се утврди каде завршуваат фактите, а започнуваат легендите. Тоа секако ќе ја разгори вашата имагинација и ќе се придружите за да дознаете. Навистина е предизвик, кога велиме дека секој момент е дестинација и „секоја дестинација е чудо“.
ПАКЕТИ НА ЕКСКУРЗИИ
Откријте го “истражувачот“ во вас и уживајте во пакетите на екскурзии со попуст.
(Ако се качите од друго пристаниште, ве молиме контактирајте не за вашите достапни пакети.)
Пакет екскурзии со попуст од 15% (вклучува):
✔ Панорамски разглед на Солун (THS-06)
✔ Античкиот Ефес низ вековите (KUS-02)
✔ Пејсажите на Миконос со Хора и Малата Венеција (MYK-06)
✔ Милос – чекор назад во времето (MIL-02)
Цена на пакетот ВОЗРАСНИ 257 €, ДЕТЕ 190 € (вклучува 15% попуст)
Со цена INCLUSIVE : ВОЗРАСНИ 182 €, ДЕТЕ 115 €
Со цена ENHANCE : ВОЗРАСНИ 107 €, ДЕТЕ 40 €
Цените се по лице со применет попуст
Пакет екскурзии со попуст од 10% (вклучува):
✔ Античкиот Ефес низ вековите (KUS-02)
✔ Минојската палата на Кносос – 1-ва европска цивилизација (HER-02)
✔Спектакуларното село Иа сместено на работ на Калдерата на Санторини (SAN-01)
Цена на пакетот ВОЗРАСЕН 213 €, ДЕТЕ 159 € (вклучува 10% попуст)
Со цена INCLUSIVE: ВОЗРАСНИ 138 €, ДЕТЕ 84 €
Со цена ENHANCE: ВОЗРАСНИ 63 €, ДЕТЕ 9 €
Цените се по лице со применет попуст
НАПОМЕНИ
- Сите времиња и редослед на посети се предмет на промена во зависност од сообраќајниот метеж на локациите и временските услови.
- Реализацијата на турите е во зависност од периодот на патување во текот на годината – ве молиме проверете во моментот на резервација.
- За реалзиација на екскурзии потребно е минимално број на патници, според правилата и условите.
- Ве молиме внимавајте на кодот на облекување при влез во верски објекти;нозете и рамената треба да бидат покриени (без шорцеви), долги здолништа (под коленото).
- Условите и правилата се достапни на: celestyalcruises.com/shorex-conditions
АНТИЧКИОТ ЕФЕС НИЗ ВЕКОВИТЕ
Цена: 79 € Возрасен / 59 € Дете
Времетраење: Половина ден
Тур код: KUS – 02
Ова е прекрасно патување низ некои од најважните периоди од историјата и се надеваме дека ќе бидете воодушевени од приказните за античките народи и раното христијанство во фасцинантното истражување на Ефес.
Овој прекрасен град, на ридовите надвор од Кушадаси е чудесен археолошки локалитет, основан од Грците околу 2000 година п.н.е. Ефес бил еден од најважните градови на регионот посветен на божицата Артемида. Храмот изграден во нејзина чест бил еден од седумте Чуда на античкиот свет. Имал 127 мермерни столбови, секој висок 18 метри и поради тоа градот го носел името „Слуга на божицата“. Еден столб кој стои на локацијата, пронајден е за време на едно ископување во 1870-тите. Ќе можете да ја видите Агората, Одеон, Библиотеката на Целзус, поплочената Главната улица на Куретите, Бањите на Схоластика, Трајановата фонтана, храмот на Адријан и Куќите на Коресус, каде што живееле богатите семејства од Ефес.
Досега се откриени само 13 отсто од античкиот Ефес.Наодите од ископувањата направени досега се сместени во Археолошкиот музеј на Ефес во градот Селџук.
Овој град претставувал живеалиште на неколку христијански светители, а бил и често престојувалиште на апостолите Павле и Јован. Апостол Павле пратил писмо до христијаните во Ефес (чија црква била создадена во времето на апостолите), коешто е дел од Библијата, од Новиот завет. Христијанската црква во Ефес била една од седумте цркви до кои апостол Јован го испратил Откровението кое го напишал на Патмос некаде околу 90-тите години од н.е.
Кон крајот на оваа тура ќе имате време за купување теписи, накит, кожа и други сувенири.
АНТИЧКИОТ ЕФЕС И ТЕРАСЕСТИТЕ КУЌИ
Цена: 89 € Возрасен / 66 € Дете
Времетраење: Половина ден
Тур код: KUS – 07
Секој чекор што го правиме во Антички Ефес ни носи поблиску до античките и ранохристијанските
епохи. Ќе уживаме во навистина исклучителното искуство во еден од најважните и најкомплетните класични градови во Европа, иако само мал дел од тоа е откриен.
Поминуваме низ Магнезиската порта и талкаме низ Агората, Одеонот, величествената и
реставрирана библиотека на Целзус, со мермер поплочената главна улица на Куретите, Бањите на Схоластика, големиот театарот, Трајановата фонтана, Куќите на патрициите, Пританеум и храмот на Адријан.
Спроти храмот на Адријан, во подножјето на ридот Булбул и покриениот дел од археолошкиот локалитет, заштитени од топлина и природни елементи, лежат на Куќите на Коресус или терасести куќи.
Тука живееле богатите семејства на античкиот Ефес. Овие вили се одлично сочувани, особено внатрешниот декор. Најстарите куќи досега откопани се од 1 век п.н.е., биле изградени на два ката, па дури имале и сустем за греење и ладење со глинени цевки под подот. Тие беа конструирани по градски план во кој улиците се вкрстувале едни со други под прав агол.
Ефес, кој станал втор по големина град во Римската империја, бил посветен на божицата Артемида,
а за прекрасниот храм изграден во нејзина чест биле потребни 120 години за да се заврши. Тој бил еден од седумте чуда на античкиот свет кои одамна ги нема.
Имаме време за купување теписи, накит,кожа и други сувенири на крајот од нашата тура.
МИНОЈСКАТА ПАЛАТА ВО КНОСОС – ПРВА ЕВРОПСКА ЦИВИЛИЗАЦИЈА
Цена: 79 € Возрасен / 59 € Дете
Времетраење: Половина ден
Тур код: HER – 02
Античкиот град Кносос, во близина на главниот град на Крит – Ираклион, е местото на создавање на една од првите цивилизации на Европа, Минојците.
Така, може да се каже дека Кносос можеби е најстариот град на Европа.
Нашата екскурзија ќе го отвори светот на Минојците, додека посетуваме еден од најважните археолошки локалитети. Првите ископувања биле преземени во 1870-тите од Минос Калокеринос, самиот Критјанин. Неколку децении подоцна во раните 1900-ти, ископувањата од Сер Артур Еванс од Британија целосно го привлекоа вниманието на светот со импресивните скали на палатата Кносос, според легендата, резиденцијата на мудриот крал Минос.
Ќе можеме да го истражиме големиот централен суд, прекрасната соба на тронот, импозантните големи скали и фреската на „Принцот на Лилјаните.’ Додека се движиме низ апартманите во палатата и ги гледаме археолошките наоди, за момент чувствуваме стравопочит кон богатото културно наследство на Минојската цивилизација.
Несомнено ќе ја слушнете критската легенда за Минотаурот, половина човек, половина бик кој живеел во лавиринтот и бил убиен од Тезеј. Но, тоа е друга приказна.
Истражувајќи од соба во соба, ќе се вратиме низ времето во салата на кралската гарда и одајата на владетелот, слушајќи за извонредното владеење на кралот Минос.
СПЕКТАКУЛАРНОТО СЕЛО ИА НА РАБОТ НА КАЛДЕРАТА НА САНТОРИНИ
Цена: 79 € Возрасен / 59 € Дете
Времетраење: Половина ден
Тур код: SAN – 01
Ако првпат го посетувате Санторини, тоа ќе ви го одземе здивот.
Па дури и ако сте редовен посетител, гледајќп го неговите панорамски пејсажи и варосани куќи сепак ќе го имате истото чувство.
Санторини редовно се опишува како едно од најубавите места на планетата. Има многу магични моменти на оваа екскурзија.
Еден од најголемите спектакли е селото Иа качено на работ на калдерата, останата по вулканска ерупција.
Санторини е прстен од карпи околу морето, замислете го како
работ на стар вулкан.
Прво се упатуваме кон Мегалохори, едно од најпознатите
автентични и недопрени села на островот, задржувајќи ја својата препознатлива архитектура, карактер и
шарм.
Нашето патување продолжува кон исток низ голем број на
традиционални заедници како Фиростефани и Имеровигли
додека не пристигнеме во Иа. На нашето патување ја следиме
калдерата слична на чипка, каде со малите островчиња Тирасија, Палеа и Неа Камени создава неверојатен, ненадминлив панорамски поглед.
Има многу време во Иа за истражување, прошетки по
уличките поплочени со мермер, посета на убавите продавнички и меморирање на моментите со камера.
Восхитувајте се на традиционалните градби врежани во карпите и необичните капетански имоти, како и населбата Аммуди во подножјето на калдерата.