+389 75 404 480marjan@anamarytravel.mk

Ханиоти – викенд Калипсо

Програма на патувањето:  ХАНИОТИ 2  НОЌЕВАЊА

ХОТЕЛ КАЛИПСО

 

02.06.2023 (Петок) СКОПЈЕ – ХАНИОТИ  

Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем рано наутро во 03.30 часот. Поаѓање за Грција во 04 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Ханиоти и сместување во избраниот хотел. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор. Ноќевање.

03.06.2023 (Сабота)   ХАНИОТИ

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, прошетки, релаксација и одмор. Ноќевање.

04.06.2023 (Недела) ХАНИОТИ – СКОПЈЕ 

Појадок. Напуштање на собите согласно хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за поаѓање кон Македонија. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Пакет цени по лице за 2 ноќи /3 дена

Цена за резервација до 20.05.2023 –  99 € / 6.140мкд.

3-возрасен 89€/5.520мкд.

Дете 0-3.99год – 30€/1.860мкд.

Дете 4 – 11.99 – 65€/4.030мкд.

ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД КУМАНОВО, СКОПЈЕ, ШТИП, ВЕЛЕС, НЕГОТИНО

 

 

Calypso Hotel 2* Hanioti
Тип на соба Услуга Цена по лице Капацитет Дете 0 –3,99год. Дете 4-11,99год.
DBL standard BB 109€/6.760мкд (2+1) 30€ / 1.860мкд 75€ / 4.650мкд

Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Автобуски превоз на наведената релација;

– Сместување во избраниот хотел, тип на соба и услуга на база 2 ноќи;

  • Calypso 2*+ hotelcalypso.gr услуга BB (ноќевање со појадок)

– Организација, реализација и туристички придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Задолжително патничко и здравствено осигурување;

– Туристичка такса 1,5€ по соба од ноќ (доплата на рецепција во хотел);

– Индивидуални трошоци.

НАПОМЕНИ:

-За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек

-Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

-Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

-Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.

-За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.

– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.

– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.

– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.

– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.

– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и ТА Анамари Травел – март