+389 75 404 480marjan@anamarytravel.mk

Божиќно крстарење

СОЛУН – ИЗМИР – КРИТ (АГ. НИКОЛАОС) – АНТАЛИЈА – КИПАР (ЛИМАСОЛ) 

ЕГИПЕТ (АЛЕКСАНДРИЈА, КАИРО) – ИЗРАЕЛ (ХАИФА, ЕРУСАЛИМ) – АТИНА

 

ПЛАН И ПРОГРАМА

Ден 1 – 17.12 – Состанок на групата и поаѓање за Солун

Поаѓање за Солун во утринските часови , чекирање на крузерот, сместување, и можете да почните со истражување  и  уживање  во крузерот, храна, забави …крузерот  го напушта пристаништето на Солун  во 15:00 часот.

Ден 2 – 18.12 – Измир (Турција)

Во 09:00 часот пристигнување на крузерот во Измирскиот залив, во пристаништето во Измир, трет град по големина во Турција. Раазглед на градот Измир со локален туристички водич (вклучено во цената).  Во 15:30 часот крузерот го напушта пристаништето и се упатува кон најголемиот грчки остров Крит, во гратчето Свети Никола,  вечера, забави и уживање на крузерот.

Ден 3 – 19.12 – Крит ( Агиос Николаос )

Во 08.30 часот пристигнување на -најголемиот и најјужниот грчки остров – островот Крит ,во  градот Агиос Николаос ,  градот го носи името на Свети Никола, точно на 19.12 на празникот Свети Никола, кој се смета за заштитник на морнарите и на цела Грција. Градот Агиос Николаос, главниот град на Источен Крит, се наоѓа во прекрасниот залив Мирабело и е изграден на урнатините на античкиот град Лато Прос Камара. Туристичка атракција е лагуната на езерото Вулисмени, каде според легендата се капела Афродита. Прошетка во градот  со претставник од Кри Турс, (вклучено во цената)Во 15 часот крузерот го напушта пристаништето на Агиос Николаос  и се упатува кон пристаништето на Анталија – Турција . Уживање во прекрасната храна, пијалоци, забави на крузерот.

Ден 4 – 20.12 – Анталија (Турција)

Во 10:00 часот бродот се закотвува во пристаништето на  познатиот туристички град  Анталија, опкружено со високи планини и познато по прекрасните плажи.Старото пристаниште ,тоа е портата  кон јужниот медитерански регион на Турција, познат како Тиркизниот брег поради сините води. Остатоци остануваат од времето на Анталија како големо римско пристаниште, портата на Адријан, изградена во чест на посетата на римскиот император во 130 г. н.е. и кулата Хидирлик од 2 век, со поглед на пристаништето. Уживање во прекрасната храна, пијалоци, забави на крузерот.

Ден 5 – 21.12 – Лимасол ( Кипар )

Во 07:00 часот бродот се закотви во пристаништето на  Лимасол – вториот по големина град на Кипар, како и главен центар за туризам и производство на вино, познат по најголемото пристаниште во земјата. Прошетка во Лимасол, со претставник од Кри Турс, (вклучена во цената). Уживање во прекрасната храна, пијалоци, забави на крузерот.

Ден 6 – 22.12 – Александрија – Каиро ( Египет )

Во 07:00 часот  бродот крузер ќе  се закотви во Александрија – најголемото пристаниште и вториот по големина град во Египет, ЦЕЛОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА  – CLASIC CAIRO – (вклучена во цената) .Тука ќе го напуштиме крузерот – на портот ќе се качиме во високотуристички автобус со кој ќе ја започнеме нашата целодневна екскурзија , која  трае околу 12 часа. Најголемиот град во Африка , Каиро ,и главен град на Египет , и сите негови врвни знаменитости чекаат да бидат откриени на нашата целодневна екскурзија . Оставајќи го пристаништето зад нас , ќе патувате на југ кон Каиро. . Од раздвижениот плоштад Тахрир (Слобода), ќе се упатиме кон Националниот археолошки музеј за да се запознаете со античката историја на Египет – проследувајќи неверојатни 50 века – преку привлечни антиквитети, во кој има над стотина илјади артефакти од антички Египет, вклучувајќи ги и грнчарството, накитот, мумиите и богатствата на кралот Тутанкамон. . Ручек ќе се служи во хотел со 5 ѕвезди, шведски стол – buffet lunch ,(ручекот е вклучен во цената), а потоа продолжуваме со разгледување – овој пат во срцето  ќе биде последното преостанато чудо на античкиот свет, моќната пирамида на Гиза. Од основата на пирамидата на Ќефрен, слободно време за истражување на овие антички чуда. Ако сакате, можите да се качите на камила или едноставно шетајте го комплексот пеш. Потоа, продолжувајќи низ долината, ќе ja забележите Големата Сфинга што ја чува земјата. потоа продолжуваме со разгледување – овој пат во срцето на Каиро. По посетата на Институтот на Папирусите , каде можете да пребарувате и да купите широк спектар на убави рачно насликани папирусни отпечатоци, имаме одредено време посветено на купување сувенири пред да тргниме на пат назад кон нашиот брод крузер , на пристаништето на Александрија, каде бродот не чека , за заедно да ја поминеме ноќта тука , во градот на Александар, во градот каде е родена Клеопатра …  Забавата продолжува на бродот крузер , тука под небото на  величествената Александрија… колку историја има под ова небо…

Ден 7 – 23.12 – Александрија ( Египет )

Полудневна  екскурзија  во Александрија – (вклучена во цената)градот  кој лежи северозападно од  Делтата на Нил,  Александрија  најголемото пристаниште во Египет.

Возејќи се  низ шарените улици на Александрија и уживајќи во прекрасната  архитектура и доживување на  шармантна аура и носталгија од минатото, бронзената статуа на Мохамед Али на неговиот коњ,основачот на модерен Египет, го украсува Маншеја квартот. Неколку чекори подалеку е елегантното мермерно здание ,посветена на Непознатиот војник, интригантните Катакомби на Шаукафа,  кој датира од 2 век од нашата ера.

Посетете ја локацијата и продолжете до тврдината Каит Беј, изградена  оригиналното место на Фарос, светилникот во Александрија ,кое било едно од седумте чуда на античкиот свет,  џамијата  на Абу Ел Абас.

Следното застанување  ќе биде во Bibliotheca Alexandrina, едно од најнеобичните архитектонски ремек-дела на 21 век. Восхитувајте се на ултра модерните научни ентериери на Библиотеката, додека водичот ве води  низ  ,Крунскиот скапоцен камен на Александрија...

Враќање на крузерот ,напуштање на пристаништето на величествената Александрија и пловење кон пристништето  Израелскиот Сан Франциско- прекрасниот град Хаифа. Уживање во  храната и прекрасните мјузикли и забави на крузерот..

Ден 8 – 24.12 – Хаифа – Ерусалим – Витлеем ( Израел, Палестина )

Католички Божиќ  Во 09:00 часот бродот пристигнува  во Хаифа, третиот по големина град во Израел, кој се наоѓа на северот на земјата. Се наоѓа на брегот на Средоземното Море и е најголемото пристаниште во земјата. Преведено од хебрејски, името на градот значи „убав брег“ и не случајно Хаифа е познат како еден од најубавите градови во светот. Сместен на падините на планината Кармел, бујниот зелен град го одзема здивот на секој посетител.

Целодневна екскурзија ,  Ерусалим и Витлеем  (вклучена во цената), Целодневна екскурзија која вклучува знаменитости и погледи од библиски времиња. Нашата авантура започнува од пристаништето Хаифа преку Јудејските Планини и Портата долина, опколени за време на Војната за независност во 1948 година. Ќе ги погледнеме ѕидовите на стариот град Ерусалим оддалеку, а потоа ќе се упатиме внатре за да истражуваме. Ќе шетаме низ стариот град и меѓу живиот пазар каде што се спојуваат три религии. Потоа се упатуваме кон црквата Воскресение Христово /Божјиот гроб/, каде што Исус беше распнат и погребан. Ќе поминеме и низ Виа Долороса и Ѕидот на плачот – свето место за Евреите, каде тие кажуваат молитви и ги ставаат во ѕидот…  Се упатуваме кон Палестина, во Витлеем ,  градот на Давид и Јаков, каде ќе имаме  ручек ( ручекот е вклучен во цената) . После ручекот  ,посета на местото каде е роден Исус – црквата Рождество Христово. Време за шопинг и поаѓање од Витлеем ,Палестина , назад конпристаништето на   прекрсната Хаифа, каде не цека крузерот да не угости со своите специјалитети и да … да се препуштиме на забавата на  крузерот…

Ден 9 – 25.12 – Тел Авив и Јафа ( Израел )

Полудневна  екскурзија  во Тел Авив & Јафа .(€79 со доплата)

Ќе возите по најпрометниот пат на Израел до Јафа,античкото пристаниште спомнато во Библијата. Јафа е  местото од каде што китот го исфрлил  пророкот Јован  . Од Јафа, кралот Саломон ги донел врати за храмот што го изгради во Ерусалим околу 3.000 години .

На почетокот на државата Израел, ова беше област на криминал и деликвенција, општината  го исчисти просторот  во 60-тите години и стана живописен уметнички кварт.

Ќе  бидете вчудоневидени  во тие  мали улички, влезете во некои уметнички работилници и уживајте во прекрасниот поглед од  врвот на ридот кон модерниот Тел-Авив , панорамско возење низ Тел  Авив, вториот по големина град во Израел, основан во 1909 година на периферијата на античкиот пристанишен град Јафа. Нејзините  плажи, барови, кафулиња, ресторани, луксузен шопинг, одлично време и космополитскиот  начин на живот доведоа до

тоа  да Тел  Авив  стане популарна туристичка дестинација ,  која се здоби со репутацијата – „медитеранска метропола која никогаш не спие“.

Вашето патување ќе ве доведе до откривање на најважните моменти на овој прекрасен град, Булеварот Ротчилд со  познатата архитектура на Баухаус, центарот на градот и реновираното Старо пристаниште ,каде ќе имате можност да се прошетате и да најдетебројни интересни продавници и кафулиња и ресторани. Враќање  во  Хаифа и  разглед  на градот , временски во зависност од густината на сообраќајот , и ограничувањето од времето кога треба да бидеме  вратени на бродот, Хаифа  – еден од најубавите градови во светот.

Во 16:00 часот бродот ќе исплови од пристаништето на Хаифа,  Израелскиот Сан Франциско и се упатува во правец на Атина.  Уживање на крузерот , храна , пијалоци, забави…

Ден 10 – 26.12 – Цел ден на море

Во текот на целиот ден и ноќ  бродот е на море,  крстари ,а вие   ќе можете да уживате во во забавната програма на бродот, храна ,пијалоци…

Ден 11 – 27.12 – Атина

Бродот  треба да пристигне  околу 08:30 часот,појадок , слегување од крузерот, но вашето патување не завршува тука , туку продолжува во Атина , разглед на  Атина со локален водич, (разгледот е вклучен во цената) и слободно време за шопниг, кафе и уживање во   празнично украсената Атина .Поаѓање за Македонија во 14.30 часот . Пристигнување во вечерните часови.

Брод крузер – CELESTYAL JOURNEY

Поаѓање на 17.12 во утринските часови од Македонија

Сите кабини се опремени со клима уред, туш, WC, ТВ, телефон, сеф и фен за коса.


УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : За резервација потребна е уплата од 50% од вкупната сума, остатокот треба да биди доплатен најдоцна 31 ден пред поаѓање.

ОТКАЗЕН РОК :  До 30 дена пред патувањето, се задржува од страна на агенцијата 30% од вкупната цена, а од 29 дена до почетокот на патувањето 100% од вкупната цена.

Оваа програма има многу ограничени места.

НАПОМЕНА : ПАСОШОТ МОРА ДА БИДЕ БИОМЕТРИСКИ И ДА БИДЕ ВАЛИДЕН МИНИМУМ УШТЕ 6 МЕСЕЦИ ОД ДЕНОТ НА СЛЕГУВАЊЕ ОД БРОДОТ , ОДНОСНО ОД ЗАВРШУВАЊЕТО НА КРСТАРЕЊЕТО.

КРСТАРЕЊЕТО ЌЕ СЕ ОДВИВА СОГЛАСНО СИТЕ МОМЕНТАЛНИ КОВИД ПРОТОКОЛИ, КОИ ЌЕ ВАЖАТ ВО МОМЕНТОТ НА КРСТАРЕЊЕТО!!!

ПРИЈАВУВАЊЕ – ДО ПОПОЛНУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА РЕЗЕРВИРАНИТЕ КАБИНИ !!! ОГРАНИЧЕН БРОЈ !!!

 

ТИП НА КАБИНА

ВНАТРЕШНА БЕЗ ПРОЗОР –   €1289.00 по лице

НАДВОРЕШНА СО ОКНО –      €1359.00 по лице

НАДВОРЕШНА СО ПРОЗОР€1399.00 по лице

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО

  • ✅ Организиран превоз – Битола – Солун / Атина – Битола (Трансфери од Скопје, Неготинo… со доплата – 300ден по правец)
  • ✅ Сместување во внатрешни или надворешни кабини
  • ✅ Пакет (појадок, ручек , вечера)
  • ✅ Неограничено конзумирање на алкохолни пијалоци,газирани и негазирани пијалоци,сокови,филтер кафе, чај..за време на оброците
  • ✅ Виза за Египет – вклучено во цена
  • ✅ Разглед на Измир со локален водич – вклучено во цена
  • ✅ Целодневна екскурзија во Египет – 12 часа. Посета на главниот град Каиро, музејот на Тутан Камон во Каиро со вклучен ручек и посета на пирамидите и сфингата во Гиза со локален водич. – Вклучено во цена
  • ✅ Полудневна екскурзија во Александрија (Египет) – Разглед на градот Александрија, Bibliotheca Alexandrina, статуата на Мохамед Али, светилникот, тврдината Каит Беј. – Вклучено во цена
  • ✅ Целодневна екскурзија во Ерусалим (Израел) и Витлеем (Палестина) – Црквата на светиот гроб на Исус Христос, Маслинова Гора, Црквата на раѓањето на Исус, Via Dolorosa, Ѕидот на плачот, ручек во Витлеем… во зависност од времето и гужвата на светите места.
  • ✅ Разглед на Атина со локален водич. – Вклучено во цена
  • ✅ Прошетка Лимасол со претставник од Кри Турс
  • ✅ Пристанишни такси (379 €) вклучени во цената
  • ✅ Бакшиши вклучени во цената
  • ✅ Користење на базен, џакузи( согласно временските услови) фитнес центар и сауна
  • ✅ Дневни и ноќни активности, забавна програма, анимација, забавни програми , претстави , музички програми во барови , анимацији (јога, танц, итн)
  • ✅ Претставник од Кри Турс за целото време на патување и крстарење

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО

  • ❌ Патничко осигурување
  • ❌ Факултативни екскурзии кои се организирани или надградени на лице место
  • ❌ Услуги во салон за убавина и спа центар
  • ❌ Медицински услуги
  • ❌ Индивидуално користење на екскурзии ,кои бродот ги организира како факултативи со доплата
  • ❌ Други неспомнати услуги