Еднодневна екскурзија – КАВАЛА
24.05.2025 (сабота) Куманово / Скопје – Кавалa
Поаѓање во 02.00 часот од Скопје, во 02.30 часот од Куманово за Кавала. Пристигнување во Кавала слободно време и разглед на еден од најубавите грчки градови покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и месечината, оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште.
Посета на стариот дел на Кавала, градот зачетник на христијанството во Грција од каде Апостол Павле започнал да го проповеда Светото писмо, градот кој бил главен центар за време на владеењето на Александар Македонски. Од 15. до 20. век Кавала е под Турска власт и од тоа време останал најважниот градски споменик – стариот аквадукт, денес познат како „Камарес“ кој изгледа како мост кој е поврзан со старите куќи од едната и од другата страна на градот. Во таквата турска Кавала во 1769 година е роден Мухамед Али Паша, кој во 1801 година е испратен во Египет каде станал основач на модерната Египетска Држава. Во Кавала до денес е зачувана неговата родна куќа како музеј, како и симболот на Кавала-аквадуктот изграден од Сулејман Величенствениот. Слободно време за индивидуална прошетка низ градот.Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во доцните вечерни часови.
цена: 1.900,00 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
•превоз со туристички автобус
•разглед на Кавала
•придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• патничко осигурување
• влезници за културно- историските споменици
Општи напомени :
- Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
Важат општите услови за патување на ТА АНАМАРИ ТРАВЕЛ и СКТМ