16.11.2024
Манастирот Ѓунис со црквата на Пресвета Богородица е женски манастир на Српската православна црква во Нишката епархија. Манастирот се наоѓа во областа Крушевац, во источното село Ѓунис, во долината на Јужна Морава.Според преданијата, во 1898 година, ова свето место било откриено од Девицата Марија, која на тринаесетгодишно девојче по име Милојка Јоциќ од Ѓунис, и кажува дека на тоа место каде што се наоѓа денес манастирот треба да изгради црква.
Манастирот посветен на Св. Роман е манастир кој припаѓа на мала група манастири што биле изградени пред Неманџиќ. Манастирот е познат по тоа што тука како монах живее Роман Синаит кој подоцна е прогласен за светец, па затоа манастирот е именуван по него.
Опис на програмата:
- Тргнување од Скопје во 05:00 часот ( состанок на групата на паркинг наспорти скопски саем кај Хотел вип во 04:45).
- Тргнување од Куманово во 05:30 часот – бензинска пумпа Макпетрол автопат
- Се патува преку граничен премин Табановце.Предвидено време за пристигнување во манастирот Св.Роман во утринските часови.
- Посета и разглед на манастирот. По посетата се упатуваме кон посета на манастирот покров на Пресвета Богородица во Ѓунис. Посета и разглед на манастирот.
- По посетата на манастирот групата се упатува кон Рибарска Бања. Слободно време за индивидуални активности.
- Предвидено време за тргнување за Македонија во 17:00 часот.
Понудата вклучува
- Превоз на наведената релација
- Посета на манастирот Св.Роман
- Посета на Манастирот Покров на Пресвета Богородица-Ѓунис
- Посета на Рибарска Бања
- Организација и водство на патувањето
Понудата не вклучува:
- Индивидуални трошоци
- Влезници за културно историски споменици
Цена: 1500 денари
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
- Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
- Во случај на отказ патникот е должен да плати:
- За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
- За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
- За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
- За отказ преку 15 дена пред поаѓање се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
- Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
- Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е должен да ги чека истите.
- Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.-мт
[/vc_column_text]