+389 75 404 480marjan@anamarytravel.mk

Дубаи – пакет аранжмани

Постојат места каде што сонцето е секогаш присутно во полн сјај, посетете го Дубаи и откријте ги сите забавни страни на оваа пустинска оаза

Поаѓање: Секоја сабота

Дубаи е најголемиот град на Обединетите Арапски Емирати и без сомнение може да се каже дека е една од наjпосетените дестинации на светот. Се наоѓа на југоистокот на Персискиот залив. За само неколку години, Дубаи стана синоним за луксузен живот, центар на меѓународниот бизнис и атрактивна туристичка дестинација со секој облик на разонода што може да се замисли. Преубави плажи, луксузни хотели, импресивни архитектонски решенија како Бурџ ал Араб, Бурџ Калифа, островот во форма на палма и многу други ќе ви го одземат здивот,

Во цената е вклучено

  • Авионски билет со Pegasus Airlines – PC од Скопје со вклучени аеродромски такси и 20 кг багаж
  • 8 дена, 5 ноќевања во одбран хотел, услуга ноќевање со појадок
  • Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Дубаи

Во цената не е вклучено

  • Факултативни екскурзии
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Таксата за престој се плаќа директно:
    4 – 5 еур / за соба на ден за хотел 5*
    3 – 4 еур / за соба на ден за хотел со 4*
    2 – 3 еур / за соба на ден за хотел со 3*
  • Дополнителни трошоци во хотел (телефон, ручек и вечера, минибар, пијалоци)
  • Виза за влез во Дубаи 80 еур, потребен е скениран пасош и фотографија во боја
  • Здравствено осигурување ЗА ВЛЕЗ ВО Дубаи 20 еур -задолжително

 

Важна напомена:

  • Цените зависат од слободни места во авион и хотел
  • Цените за трето лице или деца кои патуваат со возрасно лице доплнително се добиваат во зависност од расположивост во хотел
  • Цените се по лице и важат кога патуваат минимум две лица. Плаќање исклучиво во денари 1 eur=61.8 ден
  • Пасошот треба да биде валиден минимум 6 месеци од денот на враќање
  • Плаќање при резервација 100% и нема можност за откажување, менување термин или имиња
  • За виза потребен е скениран пасош и фотографија во боја
  • За влез во Обединети Арапски Емирати е потребен задолжително негативен ПЦР тест (72 часа изваден пред полетување – за влез во Дубаи). За деца до 12 години кои патуваат со родители – БЕЗ НЕГАТИВЕН PCR ТЕСТ (согласно моментални протоколи за влез во Дубаи)
  • За влез во Македонија потребен е сертификат за прележан COVID 19 во последните 45 дена сметајки од денот на оздравување, или примени најмалку 2 вакцини, или пак Антиген негативен тест или ПЦР негативен тест. Сите горенаведени потврди не се однесуваат и не се задолжителни за лица под 18 години.
  • Важат останатите општи услови на патување на ТА АНАМАРИ Травел –ОСВЕН ПОГОРЕ НАВЕДЕНИТЕ
  • Програмата е лекторирана од лектор Ана Бачварска
  • Пасошот треба да биде валиден минимум 6 месеци од денот на враќање

Контакт Инфо

Oktomvriska Revolucija 19a, Kumanovo, Republic of Macedonia 1300

+389 75 404 480

marjan@anamarytravel.mk