+389 75 404 480marjan@anamarytravel.mk

Барселона

Барселона или „каталонската кралица“ е четвртиот најпосетуван град во светот. Величествен град со прекрасна убавина, кој живее 24 часа дневно. Уживајте во прошетката низ главната градска улица „Рамблас“, застанете покрај живописните човечки статуи или некој од многубројните улични сликари или пак прошетајте низ Готскиот кварт. Уживајте во уметноста на Антонио Гауди и неговата ексцентрична катедрала „Саграда Фамилија“ и паркот „Гел“. А ако сте навивач на Барселона, тогаш стадионот „Ноу Камп“ е место кое треба да го посетите.

Термин: 28-ми декември 2021 / 5 дена – 4 ноќи | Авион 

 

1ден/ 28.12 (вторник)  СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 17:25 часот. Полетување за Барселонa во 19:25 часот. Пристигнување во Барселона во 22:10 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.


2ден/ 29.12 (среда)  БАРСЕЛОНА (ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД – РАМБЛАС – АКВАРИУМ)
Појадок во хотел. Факултативен панорамски разглед на Барселона: плоштадот Каталонија,  авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо, Каса Мило, Саграда Фамилија(40 минутен разглед), Готскиот кварт (50 минутен разглед). Прошетка низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во Светот. Потоа ќе имате можност за факултативна посета на Аквариумот  – еден од најголемите и најубавите аквариуми во Европа. Следува слободно време за индивидуални активности…Враќање во хотел и припрема за новогодишна прослава на некој од плоштадите во Барселона. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.


3ден/ 30.12 (четврток) БАРСЕЛОНА (ПАРК ГУЕЛ – НОУ КАМП)
Појадок во хотел. За овој ден предлагаме факултативен излет за да поминете прекрасен ден низ парковите на Барселона. Започнуваме со посета на паркот Гуел – едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и знаменитост на Барселона.Следува факултативен полудневен излет до еден од најпознатите стадиони во светот – „Ноу Камп“ на кој игра фудбалскиот клуб „Барселона“. Ќе имате можност да го видите музејот на клубот со многубројните трофеи. Враќање во хотел со метро. Организирана факултативна Фламенко вечер во ресторан, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоу. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.


4ден/ 31.12 (петок)  БАРСЕЛОНА  ***ДОЧЕК НА НОВА 2022 ГОДИНА***
Појадок во хотел. Слободно време и можност за посета на шопинг центарот „Маремагнум“ за кафе , ручек или шопинг. Во вечерните часови Ви препорачуваме посета на Шпанскиот плоштад и на Магичните фонтани. Враќање во хотел.Во вечерните часови ќе ја дочекаме Новата Година во прекрасниот амбиент на Барселона.Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.


5ден/ 01.01 (сабота)  БАРСЕЛОНА(ЗООЛОШКА ГРАДИНА)  – СКОПЈЕ
Појадок во хотел. Одјавување од хотел. За денешниот ден, наш предлог е целодневна факултативна посета на парк Цитадела и Зоолошката градина. Сместена во централниот парк на Барселона, претставува една од најголемите и најпосетени Зоолошки градини со преку 1 милион посетители годишно. Во огромното пространство сместени се над 2.500 видови на животни. Изградена е како отворен тип на зоолошка градина, каде има можност за директен контакт со дел од животните. До пред неколку години, оваа градина беше дом на единственото албино горила што постоеше во светот. Оваа Зоолошка градина е атрактивна за сите возрасти и претставува забава за цела фамилија. Индивидуално враќање во хотел и слободно време. Трансфер до аеродормот во Барселона.Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Скопје е во 22:50 часот. Пристигнување на скопскиот аеродром во 01:35 часот локално време.


Цена на аранжманот: 389€ / 24.118мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје – Барселона – Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
  • Аеродромски такси;
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;
  • Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел Вила Домат 3* (во центарот на градот);
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • Организиран панорамски разглед на Барселона со локален водич и  трансфер;
  • Посета на Ноу Камп (претставник од агенција, билет и трансфер во еден правец, враќањето е со метро и не е вклучено во цената);
  • Посета на Парк Гуел со водич и билет;
  • Посета на ЗОО (пратител + влезница);
  • Фламинко шоу со пијалок;
  • Аквариум  (влезница и претставник од агенција);

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ФАКУЛТАТИВИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА:

  • Туристичка такса се плаќа во хотел – 1,50€ по ден на лице;
  • Билети за јавен превоз со метро;
  • Патничко осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО;
  • За група над 15 патника предвидено е придружник од агенцијата.

Напомена:
Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 € = 62 мкд
За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.


За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ – med