+389 75 404 480marjan@anamarytravel.mk

Будва

Да ја дочекаме оваа Нова Година заедно на море, топла клима, весела и дружељубива атмосфера. Будва е секогаш одличен избор, а посебно за Дочек на Нова Година. Да се започне годината покрај море, на потопла клима и во прекрасен стар град е одличен избор.

 

Програма за патување

30.12.2021 (Четврток) Скопје – Будва

Состанок на групата. Поаѓање за Црна Гора во 23.00часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

31.12.2021 (Петок) Будва

Попатно застанување на видиковец кај Св.Стефан. Oва место е еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран познат како „град-хотел“. Автобусот ќе застане за патниците да направат фотографии околу 10 минути. Пристигнување во Будва во утринските часови.

Ви предлагаме разглед на стариот дел на градот, каде што се наоѓаат најважните културно-историски споменици, градските ѕидини, цитаделата, музеи, галерии, марината, црквите Св.Јован и Св.Сава. Искористете го времето да испиете кафе со поглед на море. Сместување. Слободно време за одмор.

Вечерта дочек на Новата 2022 Година на плоштадот во Будва со богата музичка програма (се очекува да се истакне програмата). Ноќевање.

01.01.2022 (Сабота) Будва – Котор

Можност за факултативна посета на Котор. Еден од најубавите стари градови на Балканот. Се наоѓа на работ на Которскот залив и се развил околу Стариот град, кој е ставен на листата на УНЕСКО на светско културно наследство.  По разгледот на овој луксузен комплекс следува можност за индивидуални активности. Враќање во Будва, Ноќевање.

02.01.2022 (Недела)Будва – Porto Montenegro, Тиват – Херцег Нови- Скопје

Напуштање на апартманите во утринските часови.Факултативна можност за посета на Тиват и Херцег Нови.Поаѓање према Херцег Нови, околу час и половина имаме возење со автобус и траект во градот кој ќе ве освои на прв поглед. Според легендата многу одамна неколку рибари ја спасиле самовилата Акима, која во знак на благодарност го благословила градот и посакала во него постојано да цветаат цвеќиња. Така, кога цела Црна Гора е под снег, во јануари и февруари во Херцег Нови цветаат мимози. Околу 2 часа ќе бидеме во Херцег Нови, па потоа повторно со траект и автобус се упатуваме према Тиват. Посета на Porto Montenegro – една од најлуксузните марини на Јадранското море, слободно време во Тиват. Тргнување за Македонија околу 16:00часот

Очекувано пристигнување во Скопје околу полноќ.

 

Цена на аранжманот 85 евра по лице / 5270 денари

Промо цена 69 евра по лице / 4278 мкд за 1/3 и 1/4 во соба и 79 евра по лице/ 4898 мкд за 1/2 соба ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 13.11.2021

 

Цената е по ЛИЦЕ и вклучува:

– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација

– 2 ноќи во приватно сместување во Будва (апартмани за 1/2,1/3 и 1/4 лица, опремени со кујна, тоалет и клима)

– Организација, реализација и придружник на патувањето

 

Цената не вклучува:

– Факултативна посета на Porto Montenegro, Тиват и Херцег Нови-20 евра

– Факултативна посета на Котор- 15 евра

– Влезници по музеите и културно историските споменици

– Задолжително патничко и здравствено осигурување

– Туристичка такса 2 евра по лице за целиот престој

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
  • За влез во Црна Гора е потребно:

1) Потврда дека се поминати 14 дена од ревакцинација за вакцини кои се даваат во две дози, односно поминати се 14 дена од имунизацијата со вакцини кои се даваат во една доза;

2) Дека лицето поседува негативен PCR тест за КОВИД-19 кој не е постар од 72 часа или позитивен PCR тест кој е постар од 14 дена , но и не е постар од 180 дена;

3) Дека лицето поседува негативен брз тест за антиген кој не е постар од 48 часа;

  • За влез назад во Македонија за лица над 18 години потребно е сертификат за вакцинација, негативен антиген или ПЦР тест или потврда за прележан ковид до 45 дена
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • Во Црна Гора може да се патува и со лична карта