+389 75 404 480marjan@anamarytravel.mk

Нови Сад и Белград

Програма

 

1 ден 30.12.2021 (четврток) СКОПЈЕ – НОВИ САД
    • Состанок на групата во 23:30 часот на Дрводекор , поаѓање во 00:00 ч. за Нови Сад. Ноќно патување низ Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден: 31.12.2021 (петок) НОВИ САД-БЕЛГРАД
    • Пристигнување во утринските часови. По пристигнувањето следува организиран разглед на градот со придружба на локален водич. Ке ја посетиме Петроварадинската тврдина, таканаречена ГИБРАЛТАР НА ДУНАВ, чиј камен темелник бил поставен во 17тиот век, а градењето траело цели 88 години. Ова ремек-дело на воената архитектура од кое се пружа преубав поглед на градот има бројни подземни тунели кои се протегаат на 120 хектари површина. Еден од симболите е саатот сместен на највисоката точка на тврдината, наменет за патниците кои што пловат низ Дунав.
    Во продолжение на разгледот ке го посетиме строгиот центар на Нови Сад, Дунавската улица, паркот, неоготската и римокатоличката катедрала, владичиниот двор, градската куќа и друго. Сместување во хотел. Слободно време за одмор до вечерните часови. Во вечерните часови, поаѓање кон Белград. Дочек на Новата 2022 Година. Повеќе детали во врска со дочекот, ќе објавиме наскоро. Во договорено време, враќање во Нови Сад. Ноќевање.
3 ден 01.01.2022 (сабота) НОВИ САД – СУБОТИЦА – ПАЛИЧКО ЕЗЕРО – СОМБОР
    По појадокот се упатуваме кон Суботица, следува организиран разглед на градот со локален водич. Суботица е најсеверниот град во Србија и второ најголемо урбано население во Војводина. За разлика од другите градови во Европа во Суботица не доминира велелепната катедрала или импозантната црква туку Градската куќа, ремек дело на Унгарската сецесија изградено во 1912 година. На плоштадот се наоѓа барокната катедрала а веднаш до неа е споменикот на жртвите на фашизмот- најголемиот споменик во Суботица. Следува возење околу познатото Паличко езеро кое заради својата геолошко-еколошка вредност е прогласено за заштитен природен парк. Паличкото езеро со своите термални води, песочни плажи и раскошната архитектура навистина пружа многу. Не е ни чудо што некогаш било монденска дестинација на богатата аристократија. Пристигнување во ВИНАРИЈАТА БОГДАН која е опремена со најсовремената француска технологија и го носи името на познатиот пеач од Суботица господинот Звонко Богдан. Обиколка ва винаријата со можност за винска проба. Потоа се упатуваме кон градот Сомбор – град со богата културна градина и раскошна историја со епитет на најзелен град во Европа. Разглед на градот, градската куќа, плоштадот на светото тројство, сончевиот саат и др. Сомбор го опкружуваат 18 салашки населенија. Предлагаме посета на едно селско домаќинство за да имаме прилика да уживаме во свечен бачки ручек за кој што лани имаат добиено награда на националниот саем за туризам. Во договорено време, враќање во Нови Сад. Вечерта можност за факултативна вечера со тамбураши. Ноќевање.
4 ден 02.01.2022 (недела) НОВИ САД – БЕЛГРАД – СКОПЈЕ
    По појадокот се упатуваме кон Белград, пристигнување на студентскиот плоштад во Белград. Слободно време за прошетка и шопинг низ најпознатата улица Кнез Михајлова, посета на Калемегдан и можност да ручек еден од најпопуларните локали во срцето на Дорчол, во стариот дел на Белград. Во договорено време тргнување кон Македонија. Пристинување во Македонија во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 89 евра / 5518 денари
ПРОМО ЦЕНА: 79 евра / 4898 денари ЗА УПЛАТИ ДО 20.11.2021

 

 Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус
– 2 ноќевања со појадок во Hotel 3*  
– Посета на Белград
– Организација на патувањето и пратител

 Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Туристичка такса 1.20 евра по лице по ноќевање (се плаќа на рецепција)
– Свечена вечера со тамбураши 15 евра

– Факултативна посета на Суботица – Паличко езеро 25 евра
– Дочек на Нова Година 2022 – насокоро детали
– Патничко осигурување 200 ден.

НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума
– Се патува без PCR тест
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Се патува со лична карта или пасош
– За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За реализацијата на факултативата потребено е да се пријават минимум 20 патници
– За овој аранжман важат општите услови на патување на ТА АНАМАРИ ТРАВЕЛ