+389 75 404 480marjan@anamarytravel.mk

Софија

Софија го носи името на античката катедрала на градот “Света Софија”, а бидејќи светата маченица Софија е мајка на Верата, Надежта и Љубовта, празникот на светиците е 17 септември, се слави како денот на Софија, а исто така се слави и 4 јануари, кога во 1878 година руските војници го ослободуваат градот од турско владеење. Софија е прогласена за престолнина на 3 април 1879 година од страна на Уставотворното собрание, како стар бугарски град, оддалечен од турската граница и централно расположен во бугарските земји според тогашното разбирање.

Да ја дочекаме оваа Нова Година во Софија заедно, во весела и дружељубива атмосфера.

 

Програма 

31.12.2021 (Петок)

Поаѓање за Софија во 06:00. Попатни паузи за одмор и царински формалности.

Пристигнување во Софија. Организиран разглед на градот со локален водич (градскиот плоштад, Цумот, Парламентот, Националниот и историски музеј, црквите Ротонда, Св. Софија, Св. Недела, Руската црква, Храмот Александар Невски со дванаесетте позлатени куполи, Дворецот на културата…. Сместување во хотел.

Во вечерните часови, организирана Новогодишна забава во дискотека – (факултативно).

Ноќевање.

01.01.2022 (Сабота)

Доцен појадок. Слободно време за индивидуални прошетки.

Вечерта- факултативно прослава, забава во механа.

Ноќевање.

 

02.01.2022 (Недела)

Појадок.Одјавување од хотелот во 10:30 часот.

Организирана посета за шопинг на PARADISE CENTER, IKEA, RING MАLL и DECATHLON.

Во 17:00 часот поаѓање за Скопје.

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот 85 евра по лице/ 5270 денари

Промо цена 69 евра по лице / 4278 мкд во 1/3 соба и 79 евра по лице/ 4898 мкд во 1/2 соба ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 13.11.2021

 

Цената е по ЛИЦЕ и вклучува:

–Превоз со високо туристички автобус,

– Разглед со локален водич,

– 2 ноќевања со појадок во хотел 3*

–Организирана посета на PARADISE CENTER, IKEA и RING MАLL,

–Придружник организација на патувањето

Цената не вклучува:

–Патничко осигурување

– Доплата за еднокреветна соба

– Туристичка такса 2 евра по лице за двете ноќевања

– Дочек на Нова Година во Дискотека

– Забава во механа 01.01.2022

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Задолжително за влез во Бугарија е потребно да поседувате сертификат за вакцинација (14 дена поминати од втората примена доза), или сертификат на прележано болест (од 11-тиот до 180-тиот ден од денот на оздравување), како и со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа).
  • За влез назад во Македонија за лица над 18години е потребно сертификат за вакцинација, документ за прележаност до 45 дена, пцр тест или антигенски тест.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето