+389 75 404 480marjan@anamarytravel.mk

Златибор и Дрвенград

Златибор е планина а воедно и природен парк кој се наоѓа во Србија и истиот има површина од 1000 километри квадратни. Златибор е познато летувалиште и место за зимување како и за одмор во секој период од годината. Златибор се наоѓа во северниот дел од областа Стари Влах. Златибор по се е најактуелна и најатрактивна планина во Србија. Тешко кој може да му одолее на Златибор. Еднаш кога ќе го посетите неговата убавина ќе ве натера повторно и повторно да му се враќате.

Дрвенград е изграден по замислата на филмскиот режисер Емир Кустурица за потребите на филмот “Животот е чудо”. Истото е сместено помеѓу две српски планини Златибор и Тара.Улиците во селото Дрвенград ги носат имињата на познати личности од културата и науката. Главната улица го носи името на српскиот нобеловец Иво Андриќ, а постои и улица на кубанскиот револуционер Ернесто Че Гевара. Една улица го носи и името на еден од најдобрите тенисери во светот Новак Ѓоковиќ.

Во општината Чајетина во Златиборскиот дел сместено е село кое наликува на бајка- тоа е музеј на отворено небо кое ја чува традицијата од заборав. Селото Сирогојно претставува автентично место каде што се сочувани традифионалните куќи донесени од цела Србија.

Опис на патувањето:

  • Тргнување во 22:00 часот на 19.03  (собирање на група во 21:45 од паркинг наспорти скопски саем, кај Хотел Вип). Куманово 22:30 часот бензинска пумпа Макпетрол автопат. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
  • Предвидено време за пристигнува до 08:00 часот. Групна посета на Дрвенград. Индивидуално слободно време за разглед и прошетка низ Дрвенград.
  • По посетата групата се упатува кон Златибор. Слободно време за прошетка и разглед на Златибор.
  • Во договор со групата се упатуваме кон Сирогојно. Слободно време за прошетка и разглед.
  • Предвидено време за враќање во Скопје во вечерните часови.

Понудата вклучува:

  • Превоз на дадената релација
  • Организација и водство на патувањето.​
  • Посета на Златибор

Понудата не вклучува:

  • Влезница за Дрвенград
  • Влезница за Сирогојно
  • Индивидуални трошоци

Цена:1500 денари

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:

  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]