ТЕМИШВАР И СИБИУ

3 дена / 2 ноќи

Програма

Темишвар е трет по големина град во Романија кој во 2023 бил прогласен за град на културата во Европа под мотото ,,Нека блесне вашата светлинa” заедно со градовите Весперм во Унгарија и Елфсина во Грција. Со архитектонската разновидност, претставена со барок, историцизам, неокласицизам, Арт Нову и Сецесија на Винер, Темишвар го доби прекарот „Мала Виена“.
За време на оваа тура се посетува и замокот Корвин (Corvin Castle) познат и како замокот Хуњади кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 година и била одбранбена тврдина против Отоманската империја. Интересен факт е дека Влад III познат под името ,,ДРАКУЛА’’ бил во затвор во овој замок. Инаку, замокот на Дракула во Бран го посетуваме на турата која ја организираме за Букурешт и Трансилванија.
Bториот град што се посетува е градот Сибиу кој се наоѓа во срцето на Трансилванија а покрај неговото историско наследство со германското културно влијание, градот е препознатлив по очите на покривите на куќите, т.е прозорци кои даваат ефект дека некој ве гледа. Очите, кои се симбол и туристичка атракција на градот, го носат прекарот на градот или “Градот со очи”.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

– Aвтобуски превоз
– 2 ноќевања во хотел со 3* со појадок во Teмишвар
– Разглед на Темишвар со локален водич
– Туристички придружник за време на целото патување
– Организиран превоз Кочани, Штип и Куманово

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

– Посета на замокот Корвин со вклучена влезница и градот Сибиу – 60 €
– Посета на Термалните бањи Амазониа превоз и влезница – 40 € 
– Туристичка такса-5 еур по лице за двата дена (се доплаќа во бус)
– Патничко осигурување
– Доплата за еднокреветна соба 3100 мкд
– За деца до 2.99 години- 50 евра за превоз, гратис сместување доколку е придружуван со двајца родители. Не користи легло.
– За деца од 3 год. до 11.99 год.- добива попуст само на факултативи, се плаќа целосна сума на аранжман

 

РЕДОВНА ЦЕНА16€ / 10.478 мкд
     П
РОМО ЦЕНА12€ / 7.998 мкд

 

ПРВ ДЕН – 09.10.2026 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – ТЕМИШВАР

Состанок на група кај хотел Русија во 20:00ч., Куманово (Макпетрол). Патување преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење низ Србија. За точно време на поаѓање патниците ќе бидат известени на 2 дена пред реализација на арнжманот

 

ВТОР ДЕН – 10.10.2026 (САБОТА) ТЕМИШВАР 

Пристигнување во утринските часови во Темишвар. Следува разглед на градот со локален водич. Се посетуваат: Плоштад Победа со карактеристичен молдавски стил, Опера Романа, Плоштад на ослобдување, Плоштад на обединување, Српска православна црква, барокна палата – поранешно седиште на српска Војводина, Римокатоличка катедрала,… Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Време за одомор. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

ТРЕТ ДЕН – 11.10.2026 (САБОТА) ТЕМИШВАР – ЗАМОКОТ КОРВИН И ГРАДОТ СИБИУ

Присигнување во утринските часови во Темишвар. Следува разглед на градот со локален водич. Се посетуваат: Плоштад Победа со карактеристичен молдавски стил, Опера Романа, Плоштад на ослобдување, Плоштад на обединување, Српска православна црква, барокна палата – поранешно седиште на српска Војводина, Римокатоличка катедрала,… Слободно време за индивидуални активности. Екскурзијата продолжува кон замокот Корвин или познат како замокот Хуњади,еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 год. Оваа готска тврдина од 15 век има доволно страшни карактеристики за да му се спротивстави на замокот Бран (замокот на Дракула). Поглед на надворешноста на непробојните ѕидови, колосалниот подвижен мост и безброј правоаголни и кружни кули кои некогаш служеле како стражарници и домување за затворениците. Слободно време за кафе, прошетки и слично. Заминување кон Сибиу. Градот е препознатлив по очите на покривите на куќите, т.е прозорци кои даваат ефект дека некој ве гледа. Очите, кои се симбол и туристичка атракција на градот, го носат прекарот на градот или “Градот со очи”. Градбите и зградите го одразуваат унгарското-германското влијание, а многу од нив имаат заедничка карактеристика на нивните покриви бидејќи имаат мали прозорци што личат на очи. Мештаните тврдат дека германските окупатори во регионите намерно граделе очи за да влеват страв. Враќање во Темишвар. Ноќевање. 

 

ПОСЛЕДЕН ДЕН – 12.10.2026 (ПОНЕДЕЛНИК ) ТЕМИШВАР – БАЊИ – СКОПЈЕ

По појадокот одјавување од хотелот и заминување кон Термалните бањи – Амазониа. Амазониа се состои од Спа центар (финска сауна, био сауна, парна бања, инфраред сауна, солена соба, џакузи со хидро масажа), Аквапарк (надворешни и внатрешни базени со 7 лизгалки, базени за деца, базен за релаксација, термален базен и сл.), медицински масажи, ресторан, бар и сл. Тука ќе имате 4 часа слободно време да се одморите и да уживате во термалните бањи Амазониа. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови околу полноќ во Скопје на 13.10.2026 (Вторник)

 

НАПОМЕНИ:

 Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
– Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
– За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
– Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
– Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
– Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети. 

 

        Важат општите услови за патување на Т.А. АнаМари Травел и СКТМ-ст

Location