+389 75 404 480marjan@anamarytravel.mk

Манастир Тумане

| Манастир Тумане | Сребрено Језеро | 

11.06.2023

Манастир Тумане е православен манастир на браничевската Епархија на Српската православна црква. Се наоѓа во Голубачката долина на само 12 километри одалечен од Голубац. За името на манастирот постојат неколку легенди за Милош Обилиќ, прославениот косовски јунак. Милош е роден во околното село Кобиље, а имал и свој дворец во околното село Двориште. Еден ден ловејќи во блиската шума го ранил монахот Зоксим Синајит кој престојувал во блиската пештера. Кога го однесле на лечење, монахот изговорил ту мани односно нема лек, оставиме тука да умрам. Како знак на покајание изградил манастир во кој биле положени моштите на Зоксим. Точното време за изградба не се знае но прв пат се појавува во пописите од 1572/3 година.

Опис на патувањето:

  • Тргнување од паркинг кај Вип Хотел, наспроти East Gate, во 00:00 часот на 10.06. (сабота) (собирање на група 23:45 ч.)
  • Куманово бензинска пумпа Макпетрол автопат 00:30 часот – 11.06.2023
  • Ноќно возење со попатни паузи за пауза и царински формалности.
  • Предвидено време за пристигнување во манастирот во утринските часови.
  • Утринска молитва.
  • По молитвата индивидуална посета на испосницата на Св.Зоксим која од манастирот е одалечена 800 метри.
  • Во договорено време се упатуваме кон Сребрено Езеро. Слободно време за индивидуални активности.
  • Предвидено време за тргнување за Куманово и Скопје во 17:00 часот.
Понудата вклучува:
  • Превоз на наведените локации.
  • Организација и водство на патувањето.
  • Посета на манастир Тумане
  • Посета на Сребрено езеро

Понудата не вклучува:

  • Индивидуални трошоци

Цена: 1600 денари

ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот.
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.mts