ТЕМИШВАР

Божиќна бајка во Романија

Божиќна бајка во Романија

Програма

05.12.2026

Посетете го Темишвар – Бисерот на Банат!

Темишвар во декември добива посебна празнична атмосфера. Историскиот центар е украсен во новогодишен дух, а централните плоштади се исполнети со божиќни куќички, светилки, празнични украси, музика и мириси на зимски специјалитети.

 

Тргнување од паркинг пред Пошта на железничка, во 00:00 часот (собирање на група 23:45 ч.) Патувањето продолжува преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.Предвидено време за пристигнување во Темишвар во утринските часови. Организирана пешачка тура која ќе започне од Митрополистичката Катедрала, преку плоштадите Победа и Слобода се до Плоштадот Обединување. Овие плоштади во себе кријат посебна архитектура која ќе ве воодушеви, а воедно ќе ве подсети на некои Италијански и Австриски атракции. Преку оваа пешачка тура ќе имате можност да уживате во прекрасите и шарени фасади, исто така ќе имате можност да се запознаете со разни споменици од минатото кои се подсетник за едни не толку убави дамнешни времиња.Во попладневните часови слободно време за уживање во Божиќниот базар во центарот на Темишвар. Ќе имате можност да уживате во празничните куќички, новогодишните украси, традиционалните специјалитети, топли зимски пијалаци, слатки, подароци и празничната атмосфера.Во договорено време, собирање на групата и заминување кон Македонија.Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

  

 

Цена: 3.000 денари

 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Организација и водство на патувањето. 
  • Превоз на дадената релација.
  • Пешачка тура низ центарот на Темишвар со локален водич.

 

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Индивидуални трошоци
  • Влезници за културно историски споменици.
  •  

Општи напомени:

  • ТА АнаМари Травел го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вонредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

 

        Важат општите услови за патување на Т.А. АнаМари Травел и СКТМ-мт

Location

Map view of destination locations.