19.12.2026 ( Сабота)
Тргнување од паркинг пред Пошта на железничка, во 00:00 часот (собирање на група 23:45 ч.) Патувањето продолжува преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.Предвидено време за пристигнување во Крајова во утринските часови. По пристигнувањето во Крајова следува обиколка на градот со локален водич, при што ќе ги запознаеме најзначајните знаменитости и убавините на овој прекрасен Романски град. Ќе го посетиме паркот Николае Романеску, еден од најголемите и најубавите паркови во Романија, познат по својата богата вегетација, езерата, мостовите и прекрасните пејзажи.Продолжуваме со посета на споменикот на Карол I Хоенцолерн, првиот крал на Романија, а потоа следува прошетка низ Англискиот парк, каде се наоѓа споменикот на кнезот Александру Јоан Куз, историска личност заслужна за обединувањето на Романија .Во продолжение ќе го видиме и споменикот на Михај Храбриот, еден од најзначајните владетели во романската историја.Разгледувањето продолжува до музичките фонтани и Градската куќа, по што следува слободно време во центарот на Крајова.Слободно време за уживање во Божиќниот базар во Крајова, кој традиционално се одржува во срцето на градот.Централниот плоштад и околните улици се украсени со празнични светилки, тематски декорации и голема елка, а божиќните куќички нудат различни рачно изработени сувенири, украси, подароци, слатки и традиционални специјалитети.Во договорено време, собирање на групата и заминување кон Македонија.Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
Цена: 3.000,00 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Ø Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
Општи напомени:
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
Важат општите услови за патување на Т.А. АнаМари Травел и СКТМ-мт