+389 75 404 480marjan@anamarytravel.mk

Манастир Лешје – Ртањ – Сокобања

МАНАСТИР ЛЕШЈЕ – РТАЊ – СОКОБАЊА

29.11.2026

Ртањ  претставува феномен кој од година во година привлекува се поголем број туристи, авантуристи, планинари, но и научници. Секој кој барем еднаш ја посетил оваа планина, тврди дека воздухот тука поинаку мириса и дека природата има несекојдневна убавина. Многумина говорат и за позитивната енергија која ја почувствувале престојувајќи тука. Ртањ е познат и по ендемските билки кои растат на неговите падини и кои се заштитени со закон.

Сокобања се наоѓа во централниот дел на југоисточна Србија, во истоимената котлина на надморка височина од 400 метри и од сите страни е јасно ограничена со планини.Низ Сокобања тече реката Моравица. Главни карактеристики на ова подрачје се топли лета и ладни, остри зими.Сокобања е климатско лекувалиште, односно воздушна бања, бидејќи во околината нема ниеден загадувач на воздухот. Освен тоа, за Сокобања е карактеристичен воздухот богат со негативни јони.Местото поседува шест термоминерални извори кои се користат во лечење на различни заболувања.

Манастирот Лешје изграден како од Руските бајки со мошти од голем број на светители. Разглед на чудотворниот манастир, изворот на света вода, камбанаријата со 10 ѕвона.

Опис на патувањето:

  • Тргнување од паркингот пред Пошта на железничка, во 05:00 часот (собирање на група 04:45 ч.). Куманово – Макпетрол автопат во 05:30 часот. Попатна пауза на Предејане половина час.
  • Предвидено време за пристигнување во манастир Лешје околу 09:00 часот. Слободно време за посета и разглед.
  • По посетата се упатуваме кон Ртањ и пирамидите. Слободно време за посета и разглед.
  • Во договор со групата се упатуваме кон Сокобања. Слободно време за индивидуална прошетка и слободно време за ручек.
  • Во попладневните часови тргнување за Куманово и Скопје
Понудата вклучува:
  • Превоз на наведената локација.
  • Организација и водство на патувањето.

Понудата не вклучува:

  • Индивидуални трошоци
  • Влезници за културно историски споменици

Цена: 1200 ден

* НАПОМЕНА; Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.-мтс

[/vc_column_text]

[/vc_column][/vc_row]