1 ден 31.12.2026 – Скопје – Котор
Поаѓање на групата од Скопје (пред туристичките агенции) кон Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.
Пристигнување во Котор во претпладневните часови. Организиран разглед на градот кој се наоѓа на листата на УНЕСКО како светско културно наследство најмногу заради урбаната архитектура и прекрасниот природен амбиент. Градот е стар преку 2000 години и претставува висинска ризница на Споменици на Културата: Катедралата Свети Трипун, Црквата Свети Лука, а градските плоштади и улици претставуваат отворена сцена за многубројните традиционални приредби и претстави. Потоа сместување на групата во хотелот „Marija“ 3 *** (http://www.hotelmarija.me/ ) сместен во внатрешните ѕидини на стариот град во прекрасна барокна градба во која своевремено престојувал австрискиот цар Фрањо Јосиф. Слободно време за одмор и за индивидуални прошетки и уживање во новогодишниот амбиент. Вечерта, организиран Дочек на Новата Година со богата музичка програма за која е најавен настаот на регионалната музичка ѕвезда Здравко Чолиќ. Враќање во хотелот. Ноќевање.
2 ден 01.01.2027 – Котор – Дубровник
Појадок. Организирано заминување кон Дубровник, еден од најатрактивните и најпознатите градови на Средоземјето кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Тоа е белиот град обвиткан околу 2 км со дубровачките ѕидини, поделен со главната улица Страдун, заштитен од Свети Влах… Разгледување на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се враќаме кон Котор. Пред нас е уште една незаборавна вечер со забава на отворено. Враќање во хотелот. Ноќевање.
3 ден 02.01.2027 – Котор
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки во овој прекрасен град кој изобилува со продавници и мали ресторани во кои ќе уживате во медитеранските специјалитети. Вечерта, организиран Дочек на Новата Година со богата музичка програма. За забавата во највеселата ноќ се ангажирани групата Забрањено Пушење и популарниот Сејо Сексон, рокенрол музичар и композитор. Враќање во хотелот. Ноќевање.
4 ден 03.01.2027 – Котор – Скопје
Појадок. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Цена: 249 €/ 15.440 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус
– Три ноќевања со појадок во хотелот „Marija“ 3*** во Котор
– Организиран разглед на градот со локален туристички водич
– Организиран излет до Дубровник и разглед со локален туристички водич
– Организација на патувањето и туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Туристичка такса– 1 евро по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)
– Патничко осигурување
Општи напомени:
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
Важат општите услови за патување на Т.А. АнаМари Травел и СКТМ-atl