ЕДНОДНЕВНА ПОСЕТА НА БЕЛГРАД
ТЕРМИН
🍀 11 ОКТОМВРИ
Најголемиот и главниот град на Србија – Белград, ќе ве воодушеви со својот посебен шарм.Лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе ве натера да се вљубите во него.Градот со многу бујна историја која трае 7000 години, ни дава право да го именуваме во најстариот град во Европа. Moже да го почувствувате преку неговиот богат, културен живот, преку старо- новата архитектура низ улиците , но и преку вкусната храна и гостопримливи домаќини. Често пати Белград е нарекуван град на поздравите. Тука под Калемегдан Дунав ја поздравува Сава, а низ Кнез Михајлова може да ве поздрават фините домаќини. Голем број на туристи веќе ги имаат откриено убавините и богатствата на овој град. Белград е град на разновидноста. Денот може да го поминете со прошетка низ Кнез Михајлова, воодушевувачкиот Калемегдан, да вкусите српска храна во боемските ресторани во познатата Скадарлија, или пак да се подновите со некое парче гардероба во некој од шопинг центрите. Во Белград има места за сечиј вкус.
Опис на патувањето:
- Тргнување пред Дрводекор, во 02:00 часот ( собирање на група 01:45 ч.)
- Куманово – Бензинска пумпа Макпетрол автопат 02:30 часот.
- Ноќно возење со попатни паузи.
- Пристигнување во Белград во раните утрински часови
- Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ центарот на Белград, улицата кнез Михајлова, Скадарлија,Калемегдан.
- Во 13:00ч се упатуваме кон најголемиот шопинг центар Ушче каде што ќе можете да се подновите со ново парче облека или со подарок за вашите најблиски.
- Во 16:00ч шопинг во ИКЕА
- Во 18:00ч часот тргнување кон Македонија. Пристигнување во Куманово и Скопје во вечерните часови.
Понудата вклучува:
- Организација и водство на патувањето
- Превоз на наведената релација
- Панорамски разглед
- Шопинг во UŠĆE Shopping Center
Понудата не вклучува:
- Индивидуални трошоци
- Влезници за културно историски споменици
Цена: 1700 денари
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
- Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
- Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
- Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
- Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е должен да ги чека истите.
- Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.