Вила ,,Eva” (поранешна вила ,,Corfu”) е лоцирана во центарот на Неа Флогита, спроти хотел ”Corfu” на 50 метри од плажа. Располага со четири-креветни апартмани и четири-креветни студија, на втори спрат со комплетно опремени кујни, WC, тераси.
Користење на клима уредот е вклучено во цена.
ЦЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАНИ / СТУДИЈА

*Доплата за туристичка таска 2 еур на ден,(се плаќа во вилата).
ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО
Студио бр.7 се наоѓа на третиот кат, има еден брачен кревет и два единечни, во истата просторија е кујната опремена со голем фрижидер и мини шпорет со релна Климата и ТВ,тераса.
Апартман бр.8 се наоѓа на третиот кат , има еден брачен кревет во посебна соба и два единечни во дневниот простор, во истата просторија е кујната опремена со голем фрижидер и мини шпорет со релна, климата и ТВ, тераса.
Студио бр.9 се наоѓа на третиот кат , има еден брачен кревет и два единечни, во истата просторија е кујната опремена со голем фрижидер и мини шпорет со релна климата и ТВ,тераса.
Услови под кои важи аранжманот
- Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
- За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
- Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
- Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
- Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:
- За возрасни (50 евра)
- За деца до 12 години (40 евра)
- Деца до 2 години бесплатно, без седиште
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот
• Туристичката агенција има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во оваа понуда.
• Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената .
• ТА АНАМАРИ ТРАВЕЛ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
• Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
• Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во ТА АНАМАРИ ТРАВЕЛ“ и на самата агенција.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ и ТА АНАМАРИ ТРАВЕЛ – суп
Тимот на “АНАМАРИ ТРАВЕЛ” ви посакува убаво и спокојно лето, пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели.
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]





