+389 75 404 480marjan@anamarytravel.mk

Неа Флогита – Villa “ZORBAS”

Villa “ZORBAS” – Неа Флогита

Бесплатно сместување за 3то и 4то лице во АПТ /2+2/


 

Вила “Zorbas” се наоѓа на сама плажа во центарот на Неа Флогита. Вилата располага со апартмани со една спална /2+2/, две легла во кујната и брачен кревет во спалната соба во апартманите на II кат и брачен кревет во кујната и две оделни легла во спалата во апартманите на I кат.  Тераса со страничен поглед кон паркот и рестораните пред плажата, просторна кујна со трепезариска маса. Дуплекс апартман /4+2/ со две одделни спални соби со директен поглед кон плажа и море со голема кујна со трепезариска маса, клуб масичка и голема аголна тераса кон море и се наоѓа на II кат. Апартманите се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, туш, балкон (масичка со столчиња), телевизор, гардеробер, клима и   интернет – бесплатни. Апартманите се наоѓаат II кат. Ви посакуваме пријатен престој.

    

 

 

 

10%  попуст за резервации до 31.12.25 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70%  до 01.02.26)
7%  попуст за резервации  до 01.02.26 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70%  до 01.03.26) 

НАПОМЕНА

  • – Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице во апартман со една спална /2+2/ – БЕСПЛАТНО сместување;
  • – Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
  • – Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • – Во апартман со една спална кај термините со превоз, плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
  • – Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
  • – Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
  • – Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
  • – Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • – При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • – Организиран превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • – Превозот ги остава/зема патниците на 20м од вилата;
  • – Wi-Fi интернет и клима – БЕСПЛАТНО!!
  • – Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • – За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • – За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • – Доплата за туристичка такса – 2 € од соба од ноќ (се плаќа во агенција при сама резервација);
  • – Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

Автобуски превоз НЕА ФЛОГИТА, според термини од табелата  Патни Информации
 Град на поаѓање  Mесто на поаѓање   Време на поаѓање Скопје – Неа Флогита (295km)
 Куманово:  (бензинска Макпетрол – автопат)   04:15h

 Скопје – Тесалоники – Неа Флогита

Автопат (Е75)

 Трошоци во еден правец:
Патaрини во Македонија (430ден)
Патарини во Грција (2.60€)

 Скопје:  (паркинг пред VIP хотел наспроти саем)  05:00h
 Штип:  (паркинг пред нова пошта)  05:00h
 Велес:  (бензинска Макоил, мотел Македонија)  05:45h
 Неготино:  (бензинска, Макпетрол)  06:15h
 Г.П. Богородица:  (бензинска, Oкта / Богородица)  07:00h
 Поаѓање од Неа Флогита:     15:30 по МК време / 16:30 по ГР време (20м од вилата)

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и ТА Анамари Травел