+389 75 404 480marjan@anamarytravel.mk

Калитеа – Вила “KOSTAS”

Бесплатно сместување за 3-то и 4-то лице во Студио


 Вила “Kostas”, се наоѓа во центарот на Калитеа на главниот булевар над плажата и на околу 120m од плажа. Располага со 1/4 студија (едно дупло легло + две единечни во студијата на I кат и четири единечни легла во студијата на II кат), Студијата се комфортни, чисти и со многу добар квалитет на сместување. Опремени се со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер…), комплетно реновирани нови купатила, просторни балкони (масичка со столчиња) со поглед напред на булеварот и кон море (од студијата на II кат), LCD телевизор, гардеробер, клима и  интернет – БЕСПЛАТНИ. Ви посакуваме пријатен престој.

НАПОМЕНА

  • –  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Во 1/4 студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
  • –  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години;
  • –  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • –  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • –  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • –  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 50м на булеварот пред вилата.
  • –  Клима и Wi-Fi интернет, БЕСПЛАТНО!!
  • –  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

  • ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • –  Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • –  Доплата за туристичка такса 2€ од соба од ноќ (задолжителна уплата при резервација во агенција);
  • –  Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.

 


За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и ТА Анамари Травел