+389 75 404 480marjan@anamarytravel.mk

Ханиоти – Вила “MARIA”

 

Вила “MARIA” – Ханиоти

Бесплатно сместување за 3-то и 4-то  лице во студио


 Вила “Maria” се наоѓа во центарот на Ханиоти, односно на самиот плоштад и нa oколу 150m oд плажа. Располага со 1/2 и 1/3 студија со редовни легла (поставени нови душеци на секое легло во 2021) на I и II кат. Сите се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер…), тоалет, крпи за лице и тело, клима (БЕСПЛАТНА), ТВ, како и бесплатен    интернет, гардеробер, сушара, широки балкони со тенди за сонце и масичка со столчиња со поглед на плоштадот, кон многуте барови, ресторани, продавници… Ви посакуваме пријатен престој.

15%  попуст за резервации до 31.12.25 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70%  до 01.02.26)
10%  попуст за резервации  до 01.02.26 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70%  до 01.03.26)  

НАПОМЕНА

  • –  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  При резервација задолжителна уплата од мин. 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • –  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години – БЕСПЛАТНО;
  • –  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • –  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • –  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • –  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 100m од вилата. На автобуска постројка
  • –  Клима и Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
  • –  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
  • –  Доплата за туристичка такса –  2€ од соба од ноќ (се плаќа при резервација во агенција);
  • –  Доплата за превоз: 50 € за возрасни / 40 € за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);.

Автобуски превоз ХАНИОТИ, според термини од табелата Патни информации
 Град на поаѓање  Mесто на поаѓање   Време на поаѓање Скопје – Ханиоти (340km)
 Куманово:  (бензинска Макпетрол – автопат)   04:15h

 Скопје – Солун – Неа Модања – Калитеа – Ханиоти

Автопат (Е75)

 Трошоци во еден правец:
Патерини во Македонија (430ден)
Патарини во Грција (2.30€)

 Скопје:  (паркинг пред VIP хотел наспроти саем)  05:00h
 Штип:  (паркинг пред нова пошта)  05:00h
 Велес:  (бензинска Макоил, мотел Македонија)  05:45h
 Неготино:  (бензинска, Макпетрол)  06:15h
 Г.П. Богородица:  (бензинска, Oкта / Богородица)  07:00h
 Поаѓање од Ханиоти:   14:10 по МК време / 15:10 по ГР време (на околу 100m од вилата)

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и ТА Анамари Травел[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]