Villa “ZORBAS” – Неа Флогита
|
|
|
Бесплатно сместување за 3то и 4то лице во АПТ /2+2/ |
Вила “Zorbas” се наоѓа на сама плажа во центарот на Неа Флогита. Вилата располага со апартмани со една спална /2+2/, две легла во кујната и брачен кревет во спалната соба во апартманите на II кат и брачен кревет во кујната и две оделни легла во спалата во апартманите на I кат. Тераса со страничен поглед кон паркот и рестораните пред плажата, просторна кујна со трепезариска маса. Дуплекс апартман /4+2/ со две одделни спални соби со директен поглед кон плажа и море со голема кујна со трепезариска маса, клуб масичка и голема аголна тераса кон море и се наоѓа на II кат. Апартманите се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, туш, балкон (масичка со столчиња), телевизор, гардеробер, клима и
интернет – бесплатни. Апартманите се наоѓаат II кат. Ви посакуваме пријатен престој.
![]()
10% попуст за резервации до 31.12.25 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70% до 01.02.26)
7% попуст за резервации до 01.02.26 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70% до 01.03.26)

НАПОМЕНА
- – Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице во апартман со една спална /2+2/ – БЕСПЛАТНО сместување;
- – Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
- – Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- – Во апартман со една спална кај термините со превоз, плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- – Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- – Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
- – Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- – Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- – При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- – Организиран превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
- – Превозот ги остава/зема патниците на 20м од вилата;
- – Wi-Fi интернет и клима – БЕСПЛАТНО!!
- – Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- – За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- – За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- – Доплата за туристичка такса – 2 € од соба од ноќ (се плаќа во агенција при сама резервација);
- – Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
| Автобуски превоз НЕА ФЛОГИТА, според термини од табелата | Патни Информации | ||
| Град на поаѓање | Mесто на поаѓање | Време на поаѓање | Скопје – Неа Флогита (295km) |
| Куманово: | (бензинска Макпетрол – автопат) | 04:15h |
Скопје – Тесалоники – Неа Флогита Автопат (Е75) Трошоци во еден правец: |
| Скопје: | (паркинг пред VIP хотел наспроти саем) | 05:00h | |
| Штип: | (паркинг пред нова пошта) | 05:00h | |
| Велес: | (бензинска Макоил, мотел Македонија) | 05:45h | |
| Неготино: | (бензинска, Макпетрол) | 06:15h | |
| Г.П. Богородица: | (бензинска, Oкта / Богородица) | 07:00h | |
| Поаѓање од Неа Флогита: | 15:30 по МК време / 16:30 по ГР време (20м од вилата) | ||
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и ТА Анамари Травел