Бесплатно сместување за 3-то и 4-то лице во Апартман со една спална
Вила “Blue Dream”, се наоѓа во центарот на Калитеа, помеѓу втората и трета пешачка улица и околу 200m од плажа. Комплетно реновирана вила, располага со четири одлично уредени апартмани со една спална за 4 лица, на I-ви кат. Опремени се со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер..), тоалет, туш, просторни балкони со поглед кон Градот и шеталиштето, телевизор, гардеробер, клима и
интернет – БЕСПЛАТНИ. Распоредот на легла е следен, Апартмани за четири лица: две единечни легла во кујната и брачен во спалната соба каде што и се излегува на терасата. Гостите со сопствени возила може да паркираат на улицата пред вилата. Ви посакуваме пријатен престој.

НАПОМЕНА
- – Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
- – Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
- – Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- – Во апартман со една спална плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- – Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
- – Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
- – При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- – Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
- – Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
- – Автобусот ги остава/зема патниците на булеварот (околу 200m од вилата).
- – Клима и Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
- – Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и Не важат за првиот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- – За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- – За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
- – Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
- – Доплата за туристичка такса 2€ од соба од ноќ (задолжителна уплата при резервација во агенција).
