Сараево е најголемиот и главниот град на Босна, град на контрасти и различности кој нуди за секого по нешто. По неговите улици може да се видат и цркви и џамии, и модерни трговски центри, и стари рушевини кои сведочат за војната во Босна.
Програма
Ден 1: 13.04.2023 (четврток)
Состанок на групата во 19:30 ч. Поаѓање кон Босна и Херцеговина во 20:00 ч. од Дрводекот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и цариснки формалности. Се патува преку Р. Србија.
Ден 2: 14.04.2023 (петок)
Пристигнување во Сараево во утринските часови. Следува разглед на градот со локален водич: Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме по пешачката зона каде е катердалата Срце Христово, соборната црква Св. Тројца, џамијата Гази Хусрев Бег и Царската џамија, Башчаршија – Старата турска чаршија која датира од 15-от век, мостовите… Во договорено време се упатуваме кон хотелот. Се сметуваме. Слободно индивидуално време за одмор или прошетка. Во вечерните часови можност за посета на најстарата пивница во Сараево. Ноќевање.
Ден 3: 15.04.2023 (сабота)
По појадокот се упатуваме на целодневна факултативна посета. Првото место што ќе го посетиме е Јабланица, местото каде во 1943 година се одиграла Битката за ранетите. Ќе го посетиме срушениот мост на Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ и местото каде што е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“.
Од тука, продолжуваме кон разглед на градот Мостар со локален водич. Го посетуваме стариот мост кој е главна атракција на градот, улицата Кујунџи на која се наоѓаат занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време поаѓање кон Сараево. Ноќевање.
Ден 4: 16.04.2023 (недела)
По појадокот, се одјавуваме од хотел и се упатуваме кон Врело Босна. По посетата се упатуваме кон тунелот на надежта – Тунел Спаса. Цели четири години овој тунел долг 800 метри бил единствената поврзаност на градот со надворешниот свет. Во пролетта 1992 година, кога српските сили го опколиле Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина и почнале да го бомбардираат со артилериски и снајперски оган, околу триста илјади граѓани се нашле во заробеништво. Биле блокирани сите пристапни патишта до градот со што се намалиле испораките на храна и лекови. Исто така немало вода во градот, електрична енергија и греење. Бидејќи луѓето гладувале ОН преговарале со Србите и го обезбедиле аеродромот за да може да се донесе хуманитарна помош. Но, сепак оваа помош не била доволна за целото население. Жителите на Сараево не можеле да излезат од градот затоа што постоела опасност да бидат застрелани од снајперисти. Сепак тие сакале да најдат начин да стигнат до населбата Бутмир. Еден босански градежен инженер, Неџад Бранковиќ, ги подготвил плановите за тунелот што ќе ги поврзува двете предградија.
По посетата на тунелот Спаса, се упатуваме кон посета на Вишеград — град што се наоѓа во котлина долж течението на реката Дрина, во источниот дел на Република Српска (БиХ). Во градот се наоѓа мостот опишан во книгата на Иво Андриќ – „Мостот на Дрина“, изграден од Мехмед Паша Соколовиќ. Можност за факултативно крстарење по Дрина. Во договорено време поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови на 17.04.2023 (понеделнк)
ПРОМО ЦЕНА: 89 ЕВРА/5518 ДЕН. ДО 01.03.2023
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 ЕВРА/6758 ДЕН.
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус
– 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Сараево
– Разглед на Сараево со локален водич
– Посета на Вишеград
– Организација на патувањето и пратител
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Крстарење по Дрина во Вишеград – 5 евра
– Целодневна факултативна посета на: Јабланица (Мостот на Неретва) и Мостар – 30 евра
– Посета на Тунелот Спаса – 15 евра
– Туристичка такса 2 евра по лице
– Патничко осигурување
НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума
– Се патува со лична карта или пасош
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 15 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За реализацијата на факултативата потребено е да се пријават минимум 40 патници
– За овој аранжман важат општите услови на патување на ТА Анамари Травел – ид