Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење … и покрај големата побарувачка и посетеност сепак сето тоа го добивате за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.
Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација. Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.
Вила УЈВАРА е нова вила која се наоѓа на 200 метри од прекрасната плажа Bora Bora и на околу 100 метри од центарот на Ксамил. Располага со двокреветни, трокреветни и четирикреветни студиа на спрат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима (вклучена во цената), WI-FI. Вилата поседува и базен кој што можите да го користите и бесплатен паркинг.
10% попуст за резервација и целосна уплата до 31.03.2023
5% попуст за резервација и целосна уплата до 30.04.2023
Климата е вклучена во цената***
ЦЕНОВНИК ПРОМЕНЕТ НА 09.02.2023 ( Промената се однесува на термините, наместо од Петок до Петок променети се од Сабота до Сабота)
ВИЛА УЈВАРА – 2023 Климата е вклучена во цената*** Цените се за НАЕМ на СТУДИО за 7 ноќевања. |
||||
Термин | Ноќевања | 1/2 студио | 1/3 студио |
1/4 студио |
03.06 – 10.06 |
7 | 159 | 179 | 189 |
10.06 – 17.06 | 7 | 179 | 199 |
199 |
17.06 – 24.06 |
7 | 209 | 229 | 249 |
24.06 – 01.07 | 7 | 229 | 249 |
269 |
01.07 – 08.07 |
7 | 289 | 309 | 329 |
08.07 – 15.07 | 7 | 329 | 349 |
369 |
15.07 – 22.07 |
7 | 349 | 369 | 389 |
22.07 – 29.07 | 7 | 349 | 369 |
389 |
29.07 – 05.08 |
7 | 369 | 389 | 399 |
05.08 – 12.08 | 7 | 369 | 389 |
399 |
12.08 – 19.08 |
7 | 349 | 369 | 389 |
19.08 – 26.08 | 7 | 339 | 359 |
359 |
26.08 – 02.09 |
7 | 289 | 309 | 299 |
02.09 – 09.09 | 7 | 199 | 219 |
229 |
09.09 – 16.09 |
7 | 189 | 209 | 229 |
16.09 – 23.09 | 7 | 159 | 179 |
169 |
23.09 – 30.09 |
7 | 139 | 159 |
149 |
Цените се за НАЕМ на СТУДИО за 7 ноќевања.
НАПОМЕНИ:
- ДОПЛАТА ЗА + 1 ДОПОЛНИТЕЛНО КРЕВЕТЧЕ ЗА ДЕТЕ ДО 15 ГОДИНИ Е 5 ЕВРА НА ДЕН!!!
- За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
- Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет;
- Климата е вклучена во цената;
- Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време;
- За хигиената на собите се грижат гостите;
- За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите.
ПОПУСТИ:
- За уплатени два последователни термини 7+7 ноќевања одобруваме 7% попуст на вториот термин;
- Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти!
ПЛАЌАЊЕ:
- Плаќањето е во денари по курс 1 евро – 62мкд;
- Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање;
- За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум.
ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО:
- 1/2 – Студио
- Студиото има голем брачен кревет, балкон, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
- Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
- 1/3 – Студио
- Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет, балкон, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
- Максимален капацитет: 3 возрасни+ 1 дете до 5,99 години.
- 1/4 – Студио
- Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет + дополнителен кревет на пуштање, балкон, поглед на на море, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
- Максимален капацитет: 4 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
Агенцијата како оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата
ПРЕВОЗ:
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Ксамил преку Грција:
- Скопје (Дрводекор) -Трансфер до Битола 60€ по лице
- Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 65€ по лице
- Велес (бензинска пумпа Макпетрол кај кружен тек) – 60€ по лице
- Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) Трансфер до Битола 60€ по лице
- Деца од 2-11,99год: -10еурод цената на возрасен
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Ксамил преку Грција:
- Битола (автобуска Станица Транскоп на перон) – 55€ по лице
- Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) – Трансфер до Битола – 55€ по лице
- Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 65€ по лице
- Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 65€ по лице
- Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 65€ по лице
- Деца од 2-11,99год: -10еурод цената на возрасен
Време на поаѓање за АЛБАНИЈА:
Сатници на поаѓање:
- 00:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
- 00:45 h Велес (бензинска пумпа Макпетрол на кружен тек) трансфер до Битола
- 00:00 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
- 01:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
- 02:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
- 03:00 h Битола (автобуска Станица Транскоп на перон)
- 02:00 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
- 01:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
- 01:15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
ТА АНАМАРИ ТРАВЕЛ го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70% или доколку настане промена на цената на горивото
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Важат Општите услови за патување на СКТМ и ТА АНАМАРИ ТРАВЕЛ – орб