+389 75 404 480marjan@anamarytravel.mk

Острог – Будва – Дубровник

02.06-04.06.2023 Викенд

Острог-Будва – Дубровник – Котор -Тиват –  Порто Монтенегро

 

1 ден  : 01.06.2023 (Четврток) Кавадарци – Неготино- Штип – Велес- Скопје 

Состанок на групата . Поаѓање за Црна Гора во вечерните часови . Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

2 ден : 02.06.2023 (Петок)- Острог-Будва  

Пристигнување на Острог-манастирот кој датира од 17 век, основан од Василие Острошки. Се посетуваат Горниот Манастир, Долниот Манастир и црквата која се наоѓа помеѓу Горниот и Долниот Манастир .Во договорено време поаѓаме кон Будва. Сместување во  приватни апартмани во Будва. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки низ Будва. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на Будва посета и разглед на црквите Св.Иван, Св. Марија, плоштадот.. или пак воздишка за кафе или ручек во некој од бројните кафулиња и ресторани долж морскиот брег. Ноќевање.

 

3 ден : 03.06.2023 (Сабота)   Будва – Дубровник – Будва

Во раните утрински часови поаѓање за Дубровник на целодневен факјултативен излет. Патувањето се одвива преку Тиват со траект. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на градот Дубровник : Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија…Попладне враќање во Будва. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Ноќевање.

 

4ден : 04.06.2023 (Недела) Будва – Котор -Тиват –  Порто Монтенегро – Велес

Напуштање на апартманите. Можност за факултативна посета на Котор. Индивидуална прошетка во стариот дел на прекрасното гратче. Moжност за посета на катедралата Св.Трипун ( заштитник на градот ), Столбот на срамот, црквата Св.Никола ….  Предлог наш е искачувањето на Которската тврдина. Патот не води кон Тиват, разглед на стариот град и монденското пристаниште Порто Монтенегро, несекојдневно чувство на богатство, спој на природна убавина и човечки ресурси. Индивидуално време за уживање и фотографирање. Тргнување за Македонија во договореното време со попатни паузи и царински формалности.

Очекувано пристигнување во Велес во вечерните часеви.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ………..89 ЕУР  (5520,00 мкд )

 

Во цената се вклучени следните услуги:

– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;

– Посета на Острошки манастир

-Траект преку Бока Которскиот залив;

–  2 ноќевања , сместување во  вили;

– Организација, реализација и придружник на патувањето.

 

Во цената не е вклучено:

– Посета на Дубровник 30 еур;

–  Посета на Котор, Тиват, Порто Монтенегро…..15 еур;

– Влезници за музеите и културно историските споменици;

– Задолжително патничко и здравствено осигурување;

– Задолжителна туристичка такса 1 еур по лице на ден (се плаќа во автобус).

 

Напомена:

  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.

 

– За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;

– Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки однесување во автобус од страна на организаторот;

-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,комплетна доплата 10 дена пред поаѓање;

– Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање;
– Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
– Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на редоследот за реализација на програмата;
– Уплата исклучиво во денари.