Вилата е лоцирана во мирниот дел на Сутоморе под магистралата, на 4-5 мин. пешачење од автобуската страница во Сутоморе, на 6-7 минути пешачење до најблиската плажа (градската плажа), и 10 мин. пешачење до центарот на Сутоморе. Во близина на вилата има 2 супермаркети. Вилата е нова градба и располага со 1/2, 1/3 и 1/4 студија. Сите соби се комплетно опремени со сопствен тоалет, TV, Wi-Fi интернет конекција, клима (вклучена во цената).
Во вилата има две двокреветни соби кои немаат кујна односно располагаат само со бокал за кафе и фрижидер. Истите се продаваат за 5 евра поевтино од ноќ.
Вилата располага со сопствен паркинг за гостите за 12 возила.
Во вилата има можност да се нарача и храна на барање по желба на гостите.
АДРЕСА: КОСОВСКА 12
КООРДИНАТИ: 42.14238557750445, 19.042259769712487
ЦЕНОВНИК ЦРНА ГОРА ЛЕТО 2026 – ВИЛА ЛАНА – СУТО МОРЕ

- Цените се изразени во евра(1eur=62ден) по патник, за 7 нокевања со вклучен автобуски превоз
- Поаѓањето е од Скопје во 22.00 часот и од Куманово во 21.00 часот
- Туристичка такса (1€ по лице од ден – се плаќа во вилата)
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ЗА ЦРНА ГОРА:
- – Скопје (Дрводекор) – 45€
- – Куманово (бензинска Макпетрол или автобуска) – 45€
- – За деца (02-11.99 год.) се одбива 10€ од цената за возрасен
- – Билет во еден правец – 30€
- – Поаѓање од Скопје секој ден во 22:00h, враќање од Сутоморе секој ден во 18:10h
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
- – За резервација задолжително е уплата на аванс 30% од вкупниот износ, а остатокот се доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање
- – Цените се дадени во евра, а плаќањето е во денари (1 евро = 62 денари)
- – Уплатата може да ја извршите директно во агенција или на жиро сметка
- – Користењето на собите собите започнува првиот ден од 14:00 часот, а се напуштаат последниот ден во 09:00 ч. (багажот се остава на рецепција)
- – За уплатени 2 аранжмани (7+7 ноќевања) одобруваме 10% попуст на вторниот аранжман
- – Попустите не се комбинираат
- – Во собите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
- – За хигиената на собите се грижат самите гости
- – Сите настанати штети за време на престојот се на терет на патникот
- – За ова патување потребен е валиден биометриски пасош или лична карта
- – Се патува преку Косово и Албанија
- – Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направени и потврдени резервации нема да подлежат на било каква промена на цената
- – За оваа понуда важат општите услови за патување на Т.А АНАМАРИ ТРАВЕЛ
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]








