Копаоник претставува еден од поголемите планински венци во Србија. Сместен е во централниот дел на земјата со мал дел во Северно Косово.
Претставува најпопуларен скијачки центар во Србија, со вкупно 25 жичници со капацитет од 32.000 скијачи на час. Во 1981 г. е отворен и националниот парк, кој зафаќа површина од 118,1 км и се наоѓа во средиштето на венецот.
ПРОГРАМА
-
- Состанок на групата во 03:45 ч. на Дрводекор, поаѓање од Скопје кон Копаник во 04:00 ч, Куманово 0430 ч Патуваме преку граничниот премин Табановце со паузи за царински формалности и одмор.
-
- Пристигнување на Копаоник во утринските часови. Слободно индивидуално време за прошетка, скијање, уживање во убавините на Копаоник итн…
- Поаѓање кон Куманово и Скопје во 15:00 часот. Пристинување во вечерните часови.
ТЕРМИН: 12.02.2023 (НЕДЕЛА)
ЦЕНА: 1200 денари по лице
Во цената е вклучено:
– Посета на Копаоник
– Превоз на релација Скопје – Куманово – Копаоник – Куманово – Скопје
– Лиценциран туристички водич
– Организација и реализација на патувањето
Во цената не е вклучено:
– Ски карта
– Патничко осигурување
– Индивидуални трошоци
ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
– Се патува со лична карта
– Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка
– За реализација на аранжманот потребно е да се пријават минимум 40 патници
– Доколку нема доволен број на пријавени патници и не сме во можност да го реализираме патувањето, уплатените средства се враќаат во целост
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 15 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ И T.A. АНАМАРИ ТРАВЕЛ