КАВАЛА

30.12.2026 - 01.01.2027

3 дена / 2 ноќи

Програма

ДОЧЕК НА НОВАТА 2027 – КАВАЛА

(Со вклучена Новогодишна вечера)


(30.12.2026-01.01.2027)

 

 

Најтрадиционалниот симбол што ќе го најдете во Грција за време на Божиќните празници е мал дрвен брод украсен со светликави ламбички. Бродот го симболизира поморскиот идентитет на земјата и е своевидно добредојде на морнарите кои се враќаат дома за да го прослават Божиќ со своите семејства. Китењето на Божиќното дрвце не е традиционален обичај, но и покрај тоа што го има во сите грчки домови сепак не успева да го истисне обичајот кој од пред една деценија започна да се возобновува во Солун каде на плоштадот Аристотелис беше поставен огромен брод украсен со сино-бели светилки… Традицијата сеуште е задржана во Кавала, градот распослан на морето каде секоја година се украсува малиот брод поставен на централното пристаниште …

 

 

Прв ден: 30.12.2026 година (среда)

 

02:00 часот заминување на групата од Скопје и во 04:00 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции) кон Грција со попатни застанувања и одмори. Околу пладне пристигнување во Кавала, еден од најубавите грчки градови кој покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште. Сместување на групата во хотел „Oceanis“ 3 *** (https://www.oceaniskavala.gr/) лоциран во центарот на градот. Слободно време за одмор од патувањето, индивидуални активности и прошетки низ градот кој живее во празнична еуфорија.  Ноќевање.

 

 

Втор ден: 31.12.2026 година (четврток)

 

Појадок. Слободен ден за уживање покрај море во празнична атмосфера. Плоштадот е украсен со илјадници шарени ламбички, на различни локации се организираат музички претстави и концерти, а целиот град мириса на традиционалните божиќни слатки “kourabiedes” (колачи со бадеми покриени со шеќер во прав) и “melomakarono” (колачи со ореви полиени со сируп) со кои се преполни преубавите слаткарници. Вечерта организирано заминување во ресторан во градот Кавала каде ќе ја дочекаме Новата 2027 Година во весела атмосфера и музика во живо. После полноќ враќање во хотелот. Ноќевање.

 

 

Трети ден: 01.01.2027 година (петок)

 

Појадок. Во договореното време одјавување од хотелот и заминување на групата кон Солун. Слободно време за индивидуални прошетки долж пристаништето во центарот на градот. Во договореното време заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………209 евра (12.960 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

– Превоз со туристички автобус на наведената релација

– Две ноќевања со појадок во хотел „Oceanis“ 3 ***

– Организиран Дочек на Новата Година во ресторан во Кавала (вечера со музика во живо)

– Посета на Солун

– Организација на патувањето и туристички придружник

 

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

 

– Доплата за еднокреветна соба – 50 евра (за двете ноќевања)

– Пијалоци за време на Новогодишната вечера во ресторанот

– Туристичка такса во Кавала (се плаќа во агенцијата) – 2,50 евра по лице од вечер

– Патничко осигурување

 

 

Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 30% од аранжманот.

 

Целосна доплата на аранжманот до 30.11.2026. Секоја  резервација без уплата е валидна само 48 часа. Агенцијата не може да гарантира за спратност и поглед од собите бидејќи распоредот и сместувањето е во надлежност на хотелот. Еднокреветните соби немаат балкон!

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

Општи напомени:

  • ТА АнаМари Травел го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вонредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  •  

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

        Важат општите услови за патување на Т.А. АнаМари Травел и СКТМ – атл

Location

Map view of destination locations.