Божиќен маркет - Крајова

со посета на Видин и Ниш

2 дена / 1 ноќ

КРАЈОВА – БОЖИЌЕН МАРКЕТ

Со посета на Видин и Ниш

Крајова, Романија, се наоѓа на самиот врв меѓу најдобрите божиќни пазари во Европа. Ова признание го одразува извонредниот раст на настанот кој, со површина од над 280.000 m², важи за најголем божиќен маркет во Европа. Крајова со право ја носи титулата божиќна престолнина на Романија и регионот.

Оваа година, главна тема на пазарот е иконската приказна за „Оревокршачката“, оживеана со илјадници џиновски декорации, украсни играчки и слатки кои го исполнуваат центарот на градот, осветлен од милиони блескави светилки. Во Крајова ве очекуваат бројни атракции: највисоката летачка санка на Дедо Мраз во Источна Европа, огромно панорамско тркало, лизгалиште, рачно насликани дрвени куќички и штандови во облик на вртелешки. Од мирисот на медењаци и греено вино до рачно изработените занаетчиски производи – сè е дизајнирано за незаборавно празнично искуство.

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

Ден 1: 28.11.2026 (Сабота)

  • Поаѓање: Во раните утрински часови од Скопје и Куманово. Патување преку граничниот премин Табановце и Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
  • Видин: Пристигнување во Видин – град со богата историја, сместен на самиот брег на Дунав. Посета на тврдината „Баба Вида“ (од 10 век), единствената целосно зачувана средновековна тврдина во Бугарија.
  • Сместување: Пристигнување и сместување во хотел во Видин, краток одмор и заминување кон Крајова.
  • Крајова: Пристигнување во Крајова – живописен град и шести по големина во Романија.
    • Прошетка низ паркот „Николае Романеску“ – зелен бисер со историја долга повеќе од еден век, познат по романтичниот замок, висечкиот мост и езерото.
    • Факултативно: Можност за посета на трговскиот центар Electroputere Parc (околу 2 часа) за љубителите на шопинг.
    • За крај на денот: Посета на Божиќниот пазар сместен на централниот плоштад „Михај Витјазул“. Слободно време за прошетка, уживање во празничната програма и потопување во божиќната магија.
  • Враќање: Во вечерните часови враќање во хотелот во Видин. Ноќевање.
  •  

Ден 2: 29.11.2026 (Недела)

  • Појадок: Појадок во хотелот и одјавување.
  • Видин: Слободно време за прошетка низ прекрасниот градски парк покрај Дунав или можност за индивидуална посета на културно-историските знаменитости: Крстената касарна, Турскиот конак (Регионален историски музеј) или катедралата „Свети Димитар“ – трета по големина црква во Бугарија.
  • Ниш: Во пладневните часови заминување кон Македонија со попатна посета на Ниш – еден од најживописните градови во Србија. Прошетка низ централниот плоштад „Крал Милан“, познатата пешачка улица „Обреновиќева“, Нишката тврдина и парковите покрај реката Нишава. Слободно време за кафе, ручек и прошетка.
  • Враќање: Во вечерните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во Македонија после полноќ.

 

 

 ЦЕНА: 109 € / 6.760 ден. 

Деца до 11,99 години: 99 € / 6.140 ден.

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • 1 ноќевање со појадок во хотел во Видин;
  • Превоз со туристички автобус на наведената релација;
  • Посета на Крајова, Видин и Ниш;
  • Лиценциран придружник од агенцијата за време на целото патување.
  •  

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко здравствено осигурување;
  • Влезници за културно-историските споменици и атракции;
  • Доплата за еднокреветна соба;
  • Лични трошоци за време на патувањето.
  •  

        Важат општите услови за патување на Т.А. АнаМари Травел и СКТМ – суп

Location

Map view of destination locations.