КРАЈОВА

Божиќна бајка во Романија

19.12.2026

Програма

 19.12.2026 ( Сабота)

 

Тргнување од паркинг пред Пошта на железничка, во 00:00 часот (собирање на група 23:45 ч.) Патувањето продолжува преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.Предвидено време за пристигнување во Крајова во утринските часови. По пристигнувањето во Крајова следува обиколка на градот со локален водич, при што ќе ги запознаеме најзначајните знаменитости и убавините на овој прекрасен Романски град. Ќе го посетиме паркот Николае Романеску, еден од најголемите и најубавите паркови во Романија, познат по својата богата вегетација, езерата, мостовите и прекрасните пејзажи.Продолжуваме со посета на споменикот на Карол I Хоенцолерн, првиот крал на Романија, а потоа следува прошетка низ Англискиот парк, каде се наоѓа споменикот на кнезот Александру Јоан Куз, историска личност заслужна за обединувањето на Романија .Во продолжение ќе го видиме и споменикот на Михај Храбриот, еден од најзначајните владетели во романската историја.Разгледувањето продолжува до музичките фонтани и Градската куќа, по што следува слободно време во центарот на Крајова.Слободно време за уживање во Божиќниот базар во Крајова, кој традиционално се одржува во срцето на градот.Централниот плоштад и околните улици се украсени со празнични светилки, тематски декорации и голема елка, а божиќните куќички нудат различни рачно изработени сувенири, украси, подароци, слатки и традиционални специјалитети.Во договорено време, собирање на групата и заминување кон Македонија.Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

 

Цена: 3.000,00 денари

 

 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Организација и водство на патувањето. 
  • Превоз на дадената релација.
  • Пешачка тура низ центарот на Крајова со локален водич.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Индивидуални трошоци
  • Влезници за културно историски споменици. 
  •  

Ø  Агенцијата организира превоз  до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. 

 

Општи напомени:

  • ТА АнаМари Травел го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вонредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

 

        Важат општите услови за патување на Т.А. АнаМари Травел и СКТМ-мт

Location

Map view of destination locations.