05.12.2026
Темишвар во декември добива посебна празнична атмосфера. Историскиот центар е украсен во новогодишен дух, а централните плоштади се исполнети со божиќни куќички, светилки, празнични украси, музика и мириси на зимски специјалитети.
Тргнување од паркинг пред Пошта на железничка, во 00:00 часот (собирање на група 23:45 ч.) Патувањето продолжува преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.Предвидено време за пристигнување во Темишвар во утринските часови. Организирана пешачка тура која ќе започне од Митрополистичката Катедрала, преку плоштадите Победа и Слобода се до Плоштадот Обединување. Овие плоштади во себе кријат посебна архитектура која ќе ве воодушеви, а воедно ќе ве подсети на некои Италијански и Австриски атракции. Преку оваа пешачка тура ќе имате можност да уживате во прекрасите и шарени фасади, исто така ќе имате можност да се запознаете со разни споменици од минатото кои се подсетник за едни не толку убави дамнешни времиња.Во попладневните часови слободно време за уживање во Божиќниот базар во центарот на Темишвар. Ќе имате можност да уживате во празничните куќички, новогодишните украси, традиционалните специјалитети, топли зимски пијалаци, слатки, подароци и празничната атмосфера.Во договорено време, собирање на групата и заминување кон Македонија.Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
Цена: 3.000 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Општи напомени:
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
Важат општите услови за патување на Т.А. АнаМари Травел и СКТМ-мт