Босна и Херцеговина земја во Југоисточна Европа, која се наоѓа на Балканскиот Полуостров. Сараево е главен и најголем град во земјата.Босна и Херцеговина е речиси континентална држава – има тесен брег долго околу 20 километри на Јадранското Море околу градот Неум. Туризмот во Босна и Херцеговина се зголемил на двоцифрени стапки во последниве години. Босна и Херцеговина е регионално и меѓународно позната по својата природна околина и културно наследство наследено од шест историски цивилизации, нејзината кујна, зимски спортови, уникатна музика, архитектура и нејзините фестивали, од кои некои се најголеми и најистакнати во Југоисточна Европа
Нашите ноќевања се во „Ерусалимот на Балканот” поточно Сараево. Последниот ден е резервиран за посета на Босанските пирамиди. Во продолжение ви ја претставуваме програмата за Босна.
Што е вклучено во цената
- -2 ноќевања со појадок во хотел
- -Разглед на Сараево со локален водич
- -Туристички придружник за време на патувањето
- -Посета на Вишеград и Андриќград
- -Автобуски превоз Скопје и Куманово
Што не е вклучено во цената
- -Трансфер по градови Гевгелија,Битола,Прилеп,Неготино,Велес и Штип-10е во правец по лице
- -Крстарење по Дрина– 10 евра од лице
- -Босански пакет ( Бункерот на Тито, Јабланица, Врело Буна, Мостар и Босанските пирамиди) 90евра
- -Историски пакет (Бункерот на Тито, Јабланица,Врело Буна и Мостар) 80 евра
- -Ноќно Сараево – 10евра од лице (задолжителна екскурзија)
- -Туристичка такса – 2,50 евра од лице за две ноќевања (задолжително)
- -Патничко осигурување
План и програма
Ноќно Сараево – Факултативен излет
Состанок на група во 19:00 пред Хотелот. Тргнување кон местото Илиџа заедно со локален водич. По завршувањето тргнуваме на панорамски разглед со автобусот каде се застанува на едно од местата и се гледа Сараево во целосна светлина каде што правиме неколку фотографии и тргнуваме кон следното место. Нашето следно место како за крај на Ноќно Сараево е највисоката зграда во градот Сараево Avaz Twist Tower каде ке имаме можност да се искачиме на 142м висина поточно 39 кат каде што има кафетерија и 360 степени панорамски разглед и една од најдобрите фото во диагонала поточно како изгледа Сараево во должина. По завршувањето се упатуваме во хотелот. Ноќевање.
Во Вишеград ќе имате можност да го посетите Aндриќград исто така познат како и камен град кој инвеститор за тоа е познатиот тенисер Новак Џоковиќ.
Како културен центар изграден е по иницијатива на Емир Кустурица а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка
Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имаат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се продолжува кон Вишеград.
Слободно време за ручек и заминување кон Македонија.
Пристигнување во раните утрински часови.
Важно
- -Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
- -Целосна уплата на аранжманот е 10 дена пред почетокот на истиот
- -Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
- -Наплата на цена за деца до 11,99г-50% од редовната цена.
- -За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
- -За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
- -Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
- -Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред
- датумот на започнување на истиот
- -Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
- -За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- -Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
- -Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, атвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
За оваа програма важат општите услови за патување на ТА АНАМАРИ ТРАВЕЛ