Ртањ претставува феномен кој од година во година привлекува се поголем број туристи, авантуристи, планинари, но и научници. Секој кој барем еднаш ја посетил оваа планина, тврди дека воздухот тука поинаку мириса и дека природата има несекојдневна убавина. Многумина говорат и за позитивната енергија која ја почувствувале престојувајќи тука. Ртањ е познат и по ендемските билки кои растат на неговите падини и кои се заштитени со закон. Најпознат е Ртањскиот чај (Saturea montana) кој има многубројни лековити својства. На ртањскиот врв – Шиљак (1.565 m), како симболот на планината, се наоѓаат остатоците од некогашната црква Св. Ѓорѓи. Оваа црква е изградена во 1935-та година, од страна на Грета, сопруга на сопственикот на рудникот „Ртањ“ Јулиус Минх, во знак на неговото сеќавање и со помош на 1000 работници. Денешниот изглед го должи на трагачи по златото кои ја рушеле во повеќе наврати.
РТАЊ е планина обвиткана со мистерија и многумина, барем до неодамна, затоа што тука може да се случат необјасниви настани. На Ртањ, ако планината ве „прифати“, ќе ја видите енергијата како делува на „натрапниците“.
Батериите на телефонот нагло се трошат, камерите не можат да се вклучат, апаратите се тресат …
Природната пирамида во Источна Србија, за која се верува дека е шуплива внатре, сите влезови во неа се затворени, бидејќи, како што велат, кој поминувал низ неа веќе не бил истата личност. Пирамидите треба да ја имаат целата своја енергија на врвот, но Ртањ ги испраќа своите најсилни бранови на дното, што е само една од особеностите на Ртањ. Иако истражувањето на академик Јован Давидовиќ и научникот Саша Нафефеј започнало кон крајот на 20 век, оваа планина им била позната на луѓето со милениуми по своите необични способности. Значењето на Ртањ за Словените низ вековите најдобро се објаснува со фактот дека Ртањ бил важен како Олимп за Грците уште од античко време.
Се верува дека Ртањ ја апсорбира енергијата со својот врв „колку што достигнува нејзината сенка“, кои се електрични, магнетни и органски. Подоцна, таа енергија од планината зрачи и се „апсорбира“ од оние на кои им е потребна. Ефектот на овие енергии може да се почувствува во Светилиштето, исто така познато како „Врело“.
Новак Ѓоковиќ во поход на пканината РТАЊ
Она што ви препорачуваме да посетите, додека престојувате на Ртањ:
Посета на градината со ружи на семејството Минх, кои ја основале населбата
Врело – локалитетот со позитивни магнетни зрачења кои имаат благотворно влијание на организмот.
Лазарева пештера, најдолгата пештера во Србија (9.505 м), позната по необичен пештерски накит, во двете дворани, „Концертна“ и „Двораната на лилјаците“, каде што живеат 24 врсти на лилјаци од 27 врсти регистрирани во Европа
Манастирите Света Петка, Лозица, Лапушње, Покрова Св. Богородице и Св. Роман
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 5200 ден
Понудата вклучува
- Превоз со автобус на релација Скопје – Куманово – Ртањ– Куманово – Скопје
- 2 ноќевања со појадок во Етно Комплекс Спа Центар Балашевиќ-‘Ртањ
- Користење на Спа центарот ( затворен базен,џакузи,солена соба,парна бања )и надворешен базен
- Посета на Сокобања
- Комплетна организација и реализација на програмата
- Лиценциран туристички водич/придружник за време на целото патување
Понудата не вклучува
- Факултативна вечерна забава со музика во Етно комплексот Балашевиќ (наскоро Цена)
- Масажи во Спа Центарот
- Патничко осигурување
- Сите индивидуални трошоци
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]