+389 75 404 480marjan@anamarytravel.mk

Еднодневна посета на Ниш

Ниш во соседна Србија претставува вистинска ризница на историски артефакти. Тој е еден од најстарите градови на Балканот. Родниот град на римскиот император Константин е одалечен од Скопје нешто повеќе од 200 км. Овој град датира уште од предисториско време а во себе зачувал многу од историјата.Градот го добил името од реката Ниш, која тече низ него и која келтските пражители ја нарекуваат Наисус.

Термин 

➡️ 24.05.2025 год – Сабота
Опис на патувањето:
  • Тргнување – Скопје во 06:00 часот, (состанок на групата – Дрводекор во 05:45).
  • Куманово 06:30 часот бензинска пумпа Макпетрол автопат. Се патува преку граничен премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Предвидено време за пристигнување во Ниш околу 09:00-09:30 часот.
  • Враќање од Ниш во 18:00 часот
Понудата вклучува
✅ Центар на градот
✅️ Нишка тврдина
✅️ Казанџиско сокаче
✅️ Кинески трговски центар
✅️ Калча трговски центар
✅️ Forum Mall
✅️ Lidl
✅️️ Delta Planet Mall
Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци
  • Влезници за културно историски споменици
Цена: 999 денари

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:

  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]