24 Мај во ЛУКОВСКА БАЊА
Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на хотел Копаоник во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.
Цена на аранжманот 189 евра / 11.720мкд
Програма за патување
1.Ден 23.05.2026 (сабота) СКОПЈЕ – КУМАНОВО – ЛУКОВСКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања околу пладне и сместување во соби. Слободно попладне за индивидуални активности, време за одмор, релаксација и користење на содржините од Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.
2.Ден 24.05.2026 (недела) ЛУКОВСКА БАЊА
Појадок. Организирана прошетка со локален водич низ поширокиот центар на Луковска Бања во прекрасна природа по т.н. Патеки на Здравјето; Горни Вирови, Милутиново Купатило, Луковска Река. Прошетката ја продолжуваме со автотобус со посета на црквата Св.Мина и Етно Музејот (доколку временските услови се погодни). Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.
3.Ден 25.05.2026 (понеделник) ЛУКОВСКА БАЊА – КУМАНОВО – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во договорено време со водичот на групата. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цената на аранжманот вклучува:
-
– Превоз со туристички автобус на наведената релација– Сместување во 1/2 соби во Хотел Бела Јела 4* на база 2 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса)– Исхрана на база полупансион (појадок и вечера на база шведска маса)– Користење на внатрешно – надворешен базен со термо-минерална вода со температура од 33-35⁰C– Користење на Велнес Центар (сауни, парна бања, солена соба, топли клупи – тепидариум)– Користење на сала за забава и рекреација– Туристичка такса– Организација и реализација со туристички придружник
Цената на аранжманот не вклучува:
- Задолжително патничко осигурување.
- Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)
Попусти и доплати:
Напомена:
– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и ТА АнаМари Травел-ваи[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]





