+389 75 404 480marjan@anamarytravel.mk

Манастир Лешје – Ртањ – Сокобања

РТАЊ – МАНАСТИР ЛЕШЈЕ – СОКОБАЊА

04.04.2026

Поаѓање на групата во 05:00 часот од Скопје и Куманово,

Заминување за планината Ртањ.

РТАЊ е планина обвиткана со мистерија и многумина, барем до неодамна, затоа што тука може да се случат необјасниви настани.

Ртањ претставува феномен кој од година во година привлекува се поголем број туристи, авантуристи, планинари, но и научници. Секој кој барем еднаш ја посетил оваа планина, тврди дека воздухот тука поинаку мириса и дека природата има несекојдневна убавина. Многумина говорат и за позитивната енергија која ја почувствувале престојувајќи тука. Ртањ е познат и по ендемските билки кои растат на неговите падини и кои се заштитени со закон. Најпознат е Ртањскиот чај (Saturea montana) кој има многубројни лековити својства.

Се верува дека Ртањ ја апсорбира енергијата со својот врв „колку што достигнува нејзината сенка“, кои се електрични, магнетни и органски. Подоцна, таа енергија од планината зрачи и се „апсорбира“ од оние на кои им е потребна. Ефектот на овие енергии може да се почувствува во Светилиштето, исто така познато како „Врело“.

Посета на манастирот Лешје изграден како од Руските бајки со мошти од голем број на светители. Разглед на чудотворниот манастир, изворот на света вода, камбанаријата со 10 ѕвона.

Враќање кон Македонија во попладневните часови.

Опис на патувањето:
  • Тргнување од паркингот пред Пошта на железничка, во 05:00 часот (собирање на група 04:45 ч.). Куманово – Макпетрол автопат во 05:30 часот. Попатна пауза на Предејане половина час.
  • Предвидено време за пристигнување во манастир Лешје околу 09:00 часот. Слободно време за посета и разглед.
  • По посетата се упатуваме кон Ртањ и пирамидите. Слободно време за посета и разглед.
  • Во договор со групата се упатуваме кон Сокобања. Слободно време за индивидуална прошетка и слободно време за ручек.
  • Во попладневните часови тргнување за Скопје.
Понудата вклучува:
  • Превоз на наведената локација.
  • Организација и водство на патувањето.

Понудата не вклучува:

  • Индивидуални трошоци
  • Влезници за културно историски споменици

Цена: 1600 ден

* НАПОМЕНА; Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.-мт

[/vc_column_text]

[/vc_column][/vc_row]