1 ден 07.03.2026 ( сабота ) Куманово / Скопје – Кавала
Поаѓање за Кавала во 03.00 часот од Скопје, пред хотел Континентал, во 03.30 часот од Куманово, пред бензинска пумпа Макпетрол, во 04.15 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта, во 05.15 часот од Струмица, бензинската Макпетрол кај кружен тек. Патување со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Кавала. Слободно време за прошетка низ градот. Посета на црквата св.Никола до црквата се наоѓа местото каде што се смета дека Апостол Павле за прв пат стапнал во Европа. Потоа продолжуваме кон тврдината, Имаретот изграден во 1917 година – врвот на муслиманската архитектура, споменикот и куќата каде бил роден во 1769 Мехмед Али- основачот на Египетската династија, како и симболот на Кавала – Аквадуктот изграден од Сулејман Величенствениот. Тоа е оној традиционален симбол кој овозможува магичен поглед како град распослан по морето кој го симболизира духот на поморскиот идентитет и долгото очекување на морнарите да се вратат покрај своите семејства и да си посакаат топло добредојде. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање
2 ден 08.03.2026 ( недела ) Кавала – Скопје / Куманово
Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Македонија. Попатна посета на црквата св. Лидија во истоименото село. Лидија била првата жена која била крстена од Апостол Павле и која го прифаќа христијанството. Од овде, започнува ширењето на христијанството низ Европа. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.
Во цената на аранжманот е вклучено:
• превоз на дадената релација
• 1 ноќевање со појадок во хотел Esperia 3* во Кавала https://www.esperiakavala.gr/en/
• Разглед на Кавала и црквата св. Лидија
• организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• туристичка такса – 120,00 денари ( задолжителна доплата во агенција)
• патничко осигурување-150 денари ( задолжително)
• влезници за културно-историски споменици
➢ Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
Општи напомени :
– ТА АнаМари Травел го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
За реализација на аранжманот се потребени минимум од 45 патници за автобус!
Важат општите услови за патување на Т.А. АнаМари Травел и СКТМ
АНАМАРИ ТРАВЕЛ е Нова туристичка агенција основана во 2019 година АНАМАРИ ТРАВЕЛ е лиценцирана со Б лиценца ШТО НУДИМЕ НИЕ ? Организација на групни и индивидуални аранжмани со вклучен превоз во целиот свет, повратни трансфери, хотели по најниски цени на пазарот, посредување при издавање на ВИЗА за голем број на земји ширум светот. Издаваме патнички осигурувања во случај на незгода при патувањата како и за време на престој. IАТА сертификат.
Oktomvriska Revolucija 19a, Kumanovo, Republic of Macedonia 1300
+389 75 404 480