+389 75 404 480marjan@anamarytravel.mk

Белград со ноќевање

ДВОДНЕВНА ПОСЕТА НА БЕЛГРАД

04. – 05.11.2023

11. – 12.11.2023

25. – 26.11.2023

Најголемиот и главниот град на Србија – Белград,  ќе ве воодушеви со својот посебен шарм.Лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе ве натера да се вљубите во него.Градот со многу бујна историја која трае 7000 години, ни дава право да го именуваме во најстариот град во Европа. Moже да го почувствувате преку неговиот богат, културен живот, преку старо- новата архитектура низ улиците , но и преку вкусната храна и гостопримливи домаќини. Често пати Белград е нарекуван град на поздравите. Тука под Калемегдан Дунав ја поздравува Сава, а низ Кнез Михајлова може да ве поздрават фините домаќини. Голем број на туристи веќе ги имаат откриено убавините и богатствата на овој град. Белград е град на разновидноста. Денот може да го поминете со прошетка низ Кнез Михајлова, воодушевувачкиот Калемегдан, да вкусите српска храна во боемските ресторани во познатата Скадарлија, или пак да се подновите со некое парче гардероба во некој од шопинг центрите. Во Белград има места за сечиј вкус.

Прoграма на патувањето:

1 ден.  Поаѓање на групата во 01.00 часот  од Скопје, 01:30 од Куманово. Патот води преку граничниот премин Табановце, ноќно патување со попатни паузи за одмор.

Пристигнување во Белград, слободен разглед на градот со посета на Калемегдан и прошетка по улицата Кнез Михајлова , … Сместување во хотел после 13:00 часот, слободно време. Ноќевање.

2 ден. – Појадок. Напуштање на хотелот. Индивидуален разглед во Белград, шопинг во трговскиот центар Београд на води, слободно времe. Поагање за Македонија во попладневните часови, попатна пауза. Пристигнување во вечерните  часови.

Цена: 3.900 денари.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • -превоз на наведената релација
  • -1 нокевање во Xотел Југославија 3* во Белград (ноќевање,појадок)
  • -разглед на Белград
  • -организација и водство на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

-туристичка хотелска такса 2 евра по лице

-патничко и здравствено осигурување без франшиза

За овој аранжман може да се патува со важечка биометриска лична карта.

За овој аранжман потребно е пријава од најмалку 25 патници, во спротивно аранжманот може да се откаже на три дена до пред поаѓање.

Важноста на патната исправа е лична обврска,важноста на пасошот треба да биде најмалку 3 месеца пред истекот на валидноста на патната исправа.

Напомена:

-за промена на пријавен број на патници може да дојде до промена на резервацијата на хотелот, но останува хотел со иста категорија и услуга

– За овој аранжман важат општите услови на патување на ТА АНАМАРИ ТРАВЕЛ – crv-bis