Дочек на Новата 2024 година во БАР заедно со неодоливата ѕвезда на сите времиња ЛЕПА БРЕНА
Дочек на втората новогодишна ноќ во ТИВАТ заедно со неповторливиот АЦО ПЕЈОВИЌ
- ДЕН / 30.12.2023 (сабота) СКОПЈЕ – с.море
Состанок на групата. Поаѓање за Црна Гора во 22.00 часот од Куманово од Макпетрол бензинска и 23.00 часот од Дрводекор Скопје. Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.
- ДЕН / 31.12.2023 (недела) с.море и будва
Пристигнување во Суто море во утринските часови, сместување во убави, модерни, луксузни апартмани. Слободно време за одмор и прошетка во Суто море.
Вечерта, организиран превоз до Бар, прошетка низ прекрасниот Бар и дочек на новата 2024 Година во Бар заедно со големата ѕвезда на сите времиња Лепа Брена. Во точно договорено време се собираме и се враќаме во апартманите во Суто море. Ноќевање.
- ДЕН / 01.01.2023 (понеделник) БУДВА, портомонтенегро, тиват
Факултативна посета на Будва, Портомонтенегро и Тиват.
Во договорено време тргнуваме кон Будва, прошетка низ прекрасниот град Будва познат по својот шармантен стар град полн со калдрми улици, град со богата традиција и историја. Овој стар град содржи се што може да замисли љубителот на историјата: стари куќи, тесни улички, мали плоштади и дворови, и она што неможе да се избегне во таквите места: продавници за сувенири, кафулиња, ресторани и занаетчиски дуќани.
Во договорено време од Будва се упатуваме во посета на Порто Монтенегро, една од најлуксузните марини на Јадранското море, слободно време за прошетка и разглед на Порто Монтенегро.
Од луксузниот Порто Монтенегро се упатуваме кон Тиват прошетка низ Тиват и дочек на новата 2024 Година (втора ноќ) на плоштадот во Тиват со АЦО ПЕЈОВИЌ. Во точно договорено време се собираме и се враќаме во апартманите во Суто море. Ноќевање
Факултативна посета на Будва, ПортоМонтенегро, Тиват и вечерта дочек на Новата 2024 година (втора ноќ) заедно со Ацо Пејовиќ – 15 евра
- ДЕН / 02.01.2023 (вторник) бар – MАКЕДОНИЈА
Напуштање на апартманите и упатување кон Бар. Прошетка во Бар и посета на познатото пристаниште во Бар.
Во договорено време тргнуваме за Македонија. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови
Промо цена – 88 евра по лице за уплати до 21.12.2023г
Цената е по лице и вклучува:
✅ Две ноќевања – апартманско сместување во Суто море
✅ Автобуски превоз
✅ Организиран превоз до Бар, прошетка во Бар и дочек на Новата 2024 година во Бар
✅ Пратител на групата за времетраење на аранжманот
✅ Организација на патувањето
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
Туристичка такса од 3 евро / 186 денари по ден (се плаќа во агенција)
Факултативи, посета на Будва, Porto Montenegro, Тиват и дочек на новата 2024 година (втора ноќ) во Тиват со Ацо Пејовиќ – 15 евра
Индивидуални трошоци.
Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта или пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
Во Црна Гора може да се патува и со лична карта
– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А АНАМАРИ ТРАВЕЛ – ган