+389 75 404 480marjan@anamarytravel.mk

Венеција

Италија – земја на пица и паста, земја на мода, култура и неверојатна убавина. Сплет на уметност, традиција и модерно време. Градби и знаменитости кои ќе ве остават без здив. Италија е дефинитивно една од најпосетени земји во светот. Милиони туристи на годишно ниво ја преплавуваат, а најпосетени се Рим, Милано, Фиренца, Венеција, Пиза и Верона

Програма

1 ден 13.04.2023 (ЧЕТВРТОК) Скопје – Трст

Состанок на групата на Дрводекор во 11:30 часот. Поаѓање за Верона во 12:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 14.04.2023 (ПЕТОК) Трст-Палманова-Лидо Ди Јесоло

Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот (околу 2 часа) упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village, каде што ќе најдете продавници како Adidas, Calvin Klein, Calzedonia – Intimissimi, Desigual, Gap, Guess, Kappa, Kiko, Levi’s, Marc O’Polo, Nike Factory Store, Puma, Tommy Hilfiger, United Colors of Benetton и уште многу други брендови. Слободно време за шопинг околу 2 часа. По шопингот, поаѓање за Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 15.04.2023 (САБОТА) Верона-Сирмионе

Третиот ден е предвиден за факултативна посета на Верона и Сирмионе (40 евра). По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија. Разгледот започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. Слободно време. Потоа, продолжуваме кон градот Сирмионе. Живописниот град Сирмионе, кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото, Лаго ди Гарда, познат по старата тврдина Сцалигера, тесните улици, преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. Слободно време за прошетка низ градот. По слободното време, враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 16.03.2023 (НЕДЕЛА) Венеција-Скопје

По појадокот, одјавување од хотелот и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод до центарот на Венеција (факултативна посета 30 евра). Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони и поаѓање за Скопје, преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 17.03.2023 (понеделник).

ПРОМО ЦЕНА: 139 ЕВРА / 8618 ден. 

Во цената на аранжманот е вклучено:

– 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Лидо Ди Јесоло
– Автобуски превоз на наведената релација
– Посета на Трст и шопинг центарот Палманова
– Организација на аранжманот и туристички придружник во текот на целото патување.

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Превоз со брод од Пунта Сабиони до Венецијa и разглед со водич (30 €)
– Факултативна посета на Верона и Сирмионе со водич (40 €)
– Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5 евра по лице по ноќевање
– Трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци (црна река), Штип со доплата од 15€, Велес – доплата од 10€ по лице во два правци
– Патничко осигурување (5 €)
СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи 65 евра по лице (со резервација во агенција)

НАПОМЕНА:

– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 15 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на ТА Анамари Травел – ид